Убедлив пораз на Металург 2

14.10.2016 16:38
_DSC005714102016_resize

Младиот состав на Металург 2 доживеа убедлив пораз во Битола, каде Еурофарм Работник не совлада со високи 38:24 (16:11). Ова е втор пораз на Металург 2, кој на оваа средба настапи десеткуван, поради отсуството на повеќе стандардни првотимци: Палевски, Јагуриновски, Томовски, Реџиќ, Стојменов, Шилегов и Беќаровски. Во таква ситуација интернационалниот состав на Работник имаше многу полесна работа во реализација на својата цел.

Работник заслужено ги освои трите бода, откако во најголемиот дел од средбата имаше водство од неколку гола разлика.

Веќе по првото полувреме имавме негатива од пет  гола разлика, која на крајот од средбата порасна до конечните – 14. Најлошо ја одигравме последната третина од второто полувреме, кога зачестија исклучувањата во двете екипи, па Металург 2 во еден момент на теренот имаше само тројца ракометари. Во оваа ситуација многу подобро се снајдоа домашните ракометари, кои во еден дел од второто полувреме направија серија од 5:0, а на крајот и втора од 6:0, за висока и убедлива победа, која Работник го исфрли на чело на првенствената табела.

 

Еурофарм Работник – Металург 2  38:24 (16:11)

Еурофарм Работник: Јовановски, Чаневски, Арсиќ, Илиевски, Трајковски 4, Мемиќ 2, Монтеро 10, Талевски 1, Чурлевски 5, Мојсоски 3, Петровски 5, Филиќ, Караиванов 2, Долиќ, Адли 3 и Клапал 3.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 16 минути.

Металург 2: Пешевски, Крстевски 1, Шулевски, Здравковски, Димитриоски 10, Гошевски, Петковски, Арсеновски 1, Танкоски 3, Смилевски 2, Матијашиќ 2, Лембанов и Лазаревски 5.    Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Никола Пауновски и Оливер Спировски.

Делегат: Славчо Каланоски.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 17