Убедлив пораз на Металург во Битола

09.05.2019 00:18
_DSC0013_resize

Металург го загуби решавачкиот натпревар против екипата на Еурофарм Работник. Во Битола загубивме со убедливи 13 голови разлика, што е еден од нашите највисоки порази во последните неколку години. Со овој пораз дефинитивно ја загубивме трката за второто место, кое оваа година ќе му припадне на битолскиот суперлигаш.

Домашниот состав од самиот почеток покажа поголема мотивираност и желба за победа, но првите 20 минути сепак резултатски беа рамноправни. Последен пат имавме ист број на погодоци при резултат 9:9, а потоа дојде до целосен пад во нашата игра, проследен со голем број на почетнички грешки. Еурофарм ги искористи сите наши слабости и со серија од 11:4 обезбеди огромна предност до крајот на првото полувреме.

Лошата и непрепознатлива игра на Металург продолжи и во второто полувреме, а сето тоа резултираше со пораз од 13 голови разлика.

На Металург му преостанува да ги одигра последните неколку средби и да финишира на третата позиција. Наш следен противник е екипата на Тинекс Пролет, која ќе ни гостува во Автокоманда.

На нашиот денешен противник му ги честитаме победата и освоеното второ место и му посакуваме успех во сите натпреварувањата во кои ќе учествува во следната сезона.

.

РК Еурофарм Работник – РК Металург  41:28 (20:13)

РК Еурофарм Работник: Трајкоски, Чаневски, Ојлески 4, Маркоски 2, Д. Петровски, Пецаковски, Талевски 1, Чурлевски 3, Стјепановиќ 5, Кузмановски 9, Радовиќ 1, Кукоски, Остроушко 3, Граџан 3, Ѓукиќ 7, М. Петровски 3.   Седмерци: 2/2. Исклучувања: 4 мин.

РК Металург: Дупјачанец, Даниловски, Томовски, Јагуриновски 8, Лазаревски 1, Димитриоски 1, Токиќ 3, Шилегов, Танкоски, Серафимов, Младеновиќ, Шпенде 4, Пучник 4, Миличевиќ 2, Маџовски 5, Матијашиќ.     Седмерци: 3/7. Исклучувања: 2 мин.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 418 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 3 =