Убедлива победа на десеткуваниот тим на пионерите на Металург 2

05.10.2019 22:03
DAR_4126_resize

Бидејќи нашиот тим со истиот состав се натпреварува во пионерската и во кадетската лига, а и двата натпревари беа закажани за денеска, тренерот Алексо Лембанов беше принуден да го подели тимот на два дела. Па, така, утринската пионерска средба Металург 2 ја одигра само со седумина ракометари, без ниту една замена.

Но, и со седумина ракометари, нашиот тим извојува убедлива победа со резултат 38:12 (17:6), постигнувајќи безмалку гол во секоја минута.

Средбата мина во апсолутна доминација на Металург, кој го искористи своето искуство, но и квалитет, и ја извојува втората победа во тековното првенство.

Ова беше натпревар од третото коло на пионерското првенство на Македонија, група 3. Во следното коло ќе се одигра големото дерби на нашата група. Во Автокоманда ќе гостува екипата на Вардар.

.

РК Металург 2 – РК Риниа М  38:12 (17:6)

РК Металург 2: Николовски 5, Сребриноски 9, Стојановски, Таневски, Арсовски 2, Грујевски 2 и Филиповски 20.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 0 минути.

РК Риниа: Бериша, Дема, Бајарами 4, Рамадани, Исмаили 1, Мемеди, Фетаи 1, Муслиу, Тахири 4 и Ахмети 2.    Седмерци: 0.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје.

Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

Прочитано 256 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 3 =