Убедлива победа на Металург РА на гостувањето во Куманово

09.05.2021 21:58
DAR_3370_resize

Во натпревар од деветото плејоф коло во Првата лига, Металург РА извојува убедлива гостинска победа против тимот на МРК Куманово. Нашите ракометари славеа со резултат 31:41 (10:20).

Металург РА имаше водство во текот на сите 60 минути, а средбата ја реши уште во првото полувреме во кое оствари предност од цели десет голови разлика.

Во второто полувреме Металург рутински ја сочува предноста и од Куманово замина со сите три бода. Најдобри во нашите редови беа Димевски и Фидановски, кои постигнаа по осум гола.

Во следното коло Металург РА игра дома во Автокоманда, а наш противник ќе биде тимот на Јехона.

.

МРК Куманово – РК Металург РА  31:41 (10:20)

МРК Куманово: Трајковски, Димковски 1, Димитров 3, Ацевски 1, Кузмановски 1, Цветковски 1, Димитријевски, Миладиновски 10, Стошиќ, Стојмановски 3, Даневски 3, Трајчевски 6 и Поповски 2.    Седмерци: 5/6.      Исклучувања: 2 минути.

РК Металург РА: Ацевски, Брестовац, Димевски 8, Фидановски 8, Трајкоски 1, Тричковски 2, Андревски 2, Ристовски 4, Георгиевски, Шкријељ 2, Мандиќ 5, Прцуловски 4, Петровски 3, Додиќ 2 и Таневски.    Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски.

Делегат: Александар Атанасовски.

Прочитано 114 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 13