УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ

03.05.2012 22:37
DSC_0102_resize

Во првиот натпревар со Пелистер Металург извојува убедлива победа со резултат 35:23, полувреме 15:13.

Типичен првенствен натпревар во кој нашиот тим вложи толку напор колку што е потребно за победа. Во првото полувреме се водеше релативно рамноправна борба во која ние постојано водевме, на моменти и со 4 гола разлика, но Пелистер успеваше да се врати во игра. На крајот, полувремето заврши со наша предност од два гола.

На стартот од вториот дел Пелистер успеа да израмни на 17:17 (32 минута), што стана причина Металург да го засили темпото и во следните минути да направи серија од 13:2. На крајот Металург извојува убедлива победа.

РК Металург – РК Пелистер 08  35:23 (15:13)

РК Металург: Станиќ, Ангелов, Левов 2, Димовски 3, Маџовски, Марковиќ 6, Наумовски 3, Георгиевски, Козлина 5, Манасков 1, З.Мојсоски 7, Н.Мојсовски 3, Стоилов 2, Стојчевски, Јоновски 1 и Алушовски 2.      Седмерци: 1/1.      Исклучувања: 6 минути.

РК Пелистер 08: Нечков, Костовски, Ристовски 2, Бошевски, Димитровски 4, Везенковски 4, Чурлевски 3, Станимировиќ, Дрогришки 2, Николовски, Митревски, Талевски, Тосковски, Чантурија 3, Божиновски и Недановски 5.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Колевски Ѓоко и Кркачев Сашо од Скопје.

Делегат: Начевски Марјан од Скопје.

Фотогалерија:

Прочитано 347 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 14