Топ Вести

УЧИНОКОТ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ НА ИЗМИНАТИТЕ КВАЛИФИКАЦИСКИ СРЕДБИ ЗА ПЛАСМАН НА ЕП 2016 ВО ПОЛСКА

05.05.2015 11:33
11151050_10153217263548903_2785863063088847441_n_resize

za tekst

Петмина ракометари на Металург имаа репрезентативни обврски во изминатата ЕХФ-недела, четворица во репрезентацијата на Македонија и еден во селекцијата на Србија.

Дарко Џукиќ настапи на двете средби на Србија против Исланд и постигна три гола, еден во Рејкјавик и два во Ниш.

Во репрезентацијата на Македонија настапија Ојлески, Пешевски и Костески, на двете средби со Франција, и Талески, кој го облече репрезентативниот дрес во Тулуз.

Жарко Пешевски достојно го замени Стојанчо Стоилов на средбата во Тулуз и постигна два гола. Но, тоа не се негови дебитански репрезентативни голови, бидејќи Пешевски настапи и на Медитеранските игри во Мерсин 2013 година, каде по еден гол постигна на средбите против Србија, Италија и Алжир.

Никола Костески беше во составот на скопската средба со Франција, но не влезе во игра, додека, пак, играше во Тулуз каде постигна и еден гол. И покрај информациите дека тој гол е дебитански за Костески, тоа не е точно, бидејки Никола постигна гол и против Србија на Медитеранските игри во Мерсин.

Гоце Ојлески настапи и на двете средби со селекцијата на Франција, но не успеа да се запише на листата на стрелци.

Филип Талески ја доби довербата на селекторот Обрван на средбата во Тулуз, но и тој не се запиша меѓу стрелците.

Прочитано 759 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 10