УКИНАТА Е СУСПЕНЗИЈАТА НА ДАРКО СТАНИЌ

06.11.2013 14:24
63_resize

za tekst

По из­вр­ше­ни­те раз­го­во­ри со си­те вме­ша­ни стра­ни, дис­цип­лин­ска­та ко­ми­си­ја на Ме­та­лург зак­лу­чи де­ка не­ма ос­но­ва за по­на­та­мош­но во­де­ње на по­стап­ка­та и со свое ре­ше­ние ја уки­на сус­пен­зи­ја­та на Дар­ко Ста­ниќ.

Тоа е епи­ло­гот од де­неш­на­та сед­ни­ца на дис­цип­лин­ска­та ко­ми­си­ја на Ме­та­лург. Си­те не­до­раз­би­ра­ња на ре­ла­ци­ја­та Ме­та­лург – Ста­ниќ се рас­чи­сте­ни на за­ем­но за­до­волс­тво, за што све­до­чи и из­ја­ва­та што Ста­ниќ ја да­де за офи­ци­јал­на­та веб-стра­ни­ца на Ме­та­лург:

Де­не­ска имав по­долг раз­го­вор со ге­не­рал­ни­от спон­зор на Ме­та­лург. Беа отво­ре­ни си­те те­ми и беа разг­ле­да­ни си­те проб­ле­ми. Со го­ле­мо за­до­волс­тво мо­жам да ка­жам де­ка по­бе­ди здра­ви­от па­мет и де­ка ги рас­чи­стив­ме си­те не­до­раз­би­ра­ња. Нај­бит­но е тоа што е до­го­во­ре­на здра­ва ко­му­ни­ка­ци­ја, не­што што до­се­га ни не­до­сти­га­ше.

Све­сен сум за мо­јот од­нос на нат­пре­ва­рот про­тив Ди­на­мо Минск, но и јас сум са­мо чо­век со свои ма­а­ни и доб­ле­сти. Се­ка­ко де­ка жа­лам што прв­пат во сво­ја­та ка­ри­е­ра бев сус­пен­ди­ран, но се на­де­вам де­ка се­то тоа е ве­ќе зад нас.

Це­лос­но му се вра­ќам на нат­пре­ва­ру­вач­ки­от си­стем и се на­де­вам, ка­ко и мно­гу­па­ти до­се­га, де­ка ќе го да­дам мо­јот при­до­нес во ид­ни­те ус­пе­си на Ме­та­лург. Нѐ че­ка­ат важ­ни нат­пре­ва­ри, а прв ме­ѓу нив е ме­чот со Вар­дар, про­тив кој се­ко­гаш сум по­себ­но мо­ти­ви­ран, би­деј­ќи се ра­бо­ти за ви­стин­ски дер­би-нат­пре­вар.

Прочитано 4.186 пати

(4) Коментари

  1. AJDE METALURG…SO POLNA PAREA NAPRED…NAJAKI SME

  2. Bravo Minco ne brani Dare za “kikiriki”

  3. pozdrav za vakva odluka

  4. Одлука за почитување. Го почитувам и тоа што Даре признава дека направи грешка. Човек на кој треба да сме му благодарни, затоа што за овој да речеме краток период што е во Металург се покажа во одлично светло! Таков и ќе го паметиме, секој може да има лош ден, сите сме луѓе имаме право и понекогаш да згрешиме. Мислам дека Станиќ ќе заигра уште по мотивирачки за да и се заблагодари на верната публика која и покрај се застана зад него! СРДЕЧЕН ПОЗДРАВ … КАКО ТЕБЕ НИКОЈ ДРУГ САМО ЕДЕН МЕТАЛУРГ!!!

Напишете коментар


− 2 = 0