Унгарија и Словачка ќе го организираат машкото ЕП во 2022 година

21.06.2018 09:49
Capture

На Конгресот на ЕХФ во Глазгов, меѓу другото, беа одредени организаторите на женското и на машкото ЕП во 2022 година.

Како што е веќе познато, женското ЕП во 2022 година ќе го организираат Македонија, Словенија и Црна Гора, што е уште едно признание за македонскиот ракомет и за организационите способности на нашата земја.

Во машка, пак, конкуренција прифатена е заедничката кандидатура на Унгарија и на Словачка, кои ќе го организираат машкото ЕП во 2022 година.

Прочитано 19 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 5 =