Уште еден клуб го откажа учеството на турнирот во Струга

11.08.2016 19:07
DSC_0202_resize

Организаторите на струшкиот турнир оваа година имаат полни раце работа, откако, на само десетина дена пред почетокот, учеството го откажа Ал Шабаб, а потоа и Клуб Африкан.

Не е позната причината за откажување на Ал Шабаб, но се знае таа на Клуб Африкан, кој партиципира со многу свои ракометари на Олимпијадата во Рио, па смета дека учеството во Струга нема да му донесе никаква полза.

Ал Шабаб го замени Еурофарм Работник, додека место Клуб Африкан ќе игра Пелистер, па можеме да станеме сведоци и на првото пелагониско (битолско ) дерби меѓу вие два клуба.

Организаторот беше во контакт со неколку екипи од странство, но остана премалку време до почетокот на турнирот за да се реализираат тие контакти.

Прочитано 2.279 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 3