УШТЕ ЕДЕН ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ

23.08.2012 23:24
Novigrad, 23.08.2012 - Rukomet: Rukometna utakmica izmedju CO Zagreb i Metalurga iz Skopja

Турнирот во Новиград ќе му остане во лошо сеќавање на нашиот клуб. И не само поради двата врзани порази и огромниот неуспех против “децата“ на Загреб. Залажани од добрите игри во Струга очекувавме и слично продолжение во Новиград. Ако вчерашниот пораз од екипата на Горење и можеше да се оправда со замор од долгиот пат, денешниот пораз, со 8 гола разлика, едноставно не влегува во ниту една рамка.

Металург денес го одигра најлошиот натпревар во последните неколку сезони, веројатно полошо и не може. Особено боли што тоа се случи против екипата на Загреб, и тоа осетно подмладена, со која минатата сезона воспоставивме спортски ривалитет и со која биевме тешки битки. Боли и тоа што натпреварот и нашата немоќ ја пренесуваше ХТВ2, па ги видоа и голем број наши фанови.

За жал, денес не функционираше ништо, ама баш ништо. Ниту нашата позната одбрана, нашето најсилно оружје, уште помалку нападот. Ако во цело прво полувреме имаме само една одбрана (во последната минута) од двата голмана, а во второто уште 5 (3 во последните минути при решен натпревар), ако низ одбраната може да ни помиме кој сака и кога сака, ако во нападот наместо голови гледаме целосна немоќ – тогаш таквата средба не можеме да ја добиеме и останува што побрзо да ја заборавиме.

Металург утре ќе се сретне со селекцијата на Кина а потоа ќе тргне во правец на Скопје.

Нашиот стручен штаб ќе има уште десетина дена за лечење на раните и отклонување на бројните недостатоци.

Потоа не чека Норвешка и квалификацискиот турнир за ЛШ. Е, тука нема место ниту за шега ниту за импровизации. Тука никој нема право на лош ден.

КО Загреб – РК Meталург  30:22 (15:11)

КО Загреб: Keлентиќ, Ивиќ (14 одбрани), Стевановиќ (1 одбрана), Maриќ 3, Брозовиќ 2, Буторац, Степанчиќ 5, Maтулиќ 2, Maтиќ 1, Батиновиќ 6(3), J.Валчиќ 4, Сршен, T.Валчиќ 1, Maндалиќ 4, Kaлеб 2     Седмерци: 3/4.      Исклучувања: 6 минути.
Tренер: Голужа Славко

РК Meталург: Aнгелов (5 одбрани), Mитревски (1 одбрана) Левов 1, Димовски 2, Наумовски, Георгиевски, Maнасков 3, Mиркуловски 4, З.Mojсоски 2, Додер 1, Стоилов, Батиновиќ 1, Joновски, Aлушовски 1 и Вучичевиќ 7(4).       Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 6 минути.
Tренер: Червар Лино.

—————————————————————-

Во втората средба екипата на Горење Вељење, потешко од очекуваното, ја совлада селекцијата на Кина со резултат 31:25 (14:15).

Прочитано 926 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 3 =