- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 7 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 7 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 7 months
Уште еден убедлив пораз на Македонија

Македонија го доживеа својот четврти пораз на СП во Египет. За жал, и овој пораз е повеќе од убедлив, бидејќи Русија не совлада со огромни 12 голови разлика.
Повторно се провлекоа сите слабости во нашата игра – лошата одбрана, слабата реализација, ниската мотивираност и слабото залагање. Денеска немавме никаква шанса.
Денешниот натпревар повторно го загубивме на самиот старт, бидејќи во првите 15 минути постигнавме само 2 гола, а примивме 8. До крајот на првото полувреме веќе имавме двоцифрена негатива, 9:19.
Второто полувреме само на изглед беше рамноправно, го загубивме со само два гола разлика, бидејќи се почувствува дека Русија го намали темпото, а селекторот Петковиќ целосно ја смени поставата.
Нашиот Мартин Серафимов одигра едно полувреме и успеа да стане втор стрелец во нашиот состав, со 4 постигнати гола.
Овој натпревар ќе остане запаметен и по фактот дека легендарниот Кире Лазаров денеска не постигна гол во својот 42 меч на светските првенства. На претходните 41 натпревар тој секогаш беше стрелец на барем еден гол.
До крајот на главната фаза останува уште средбата со Белорусија, в недела.
.
Македонија – Русија 20:32 (9:19)
Македонија: Митревски (10 одбрани), Томовски (1 седмерец), Стоилов 1, Димитриоски 1, Лазаров, Талески 1, Маркоски, Кузмановски 6, Костески 2, Крстевски 1, Поповски, Младеновиќ, Пешевски 2, Серафимов 4 и Мишевски. Седмерци: 2/3. Исклучувања: 12 минути.
Русија: Киреев (7 одбрани), Павленко (3 одбрани), Третинко (2 одбрани), Киселев 1, Котов 1, Осташченко 3, Корнев 4, Василев 4, Кудинов 2, Ермаков, Шишкарев 2, Сорока 6, Валиулин 2, Андреев 1, Житников 3 и Косоротов 3. Седмерци: 2/3. Исклучувања: 6 минути. Црвен картон: Косоротов.
Судии: Шарлот и Џули Бонавентура од Франција.