Уште една убедлива победа на Металург на турнирот во Струга

14.08.2020 19:32
117652301_2992700124193112_5367303503191087924_o_resize

Металург со убедливата победа против екипата на Струга ја заврши групната фаза на традиционалниот ракометен турнир во Струга. Во првиот денешен натпревар, Металург славеше против домаќинот на турнирот, со резултат 24:35 (12:17).

Победата на нашиот тим ја најави нашето високо водство уште во почетната фаза на средбата, кога поведовме со резултат 1:5. Својата предност ја задржавме до самиот крај на првото полувреме, кое заврши со разлика од пет голови, 12:17.

Оваа разлика на почетокот на вториот дел се зголеми за дополнителни 4 гола, 13:22, со што стана јасно дека Струга нема да има сили да избегне висок пораз.

Во 40. минута за првпат имавме двоцифрена предност, 15:25, а конечните +11 се и највисоки на оваа средба.

Тренерот Зоран Кастратовиќ им даде шанса на сите свои ракометари, а најпрецизни беа крилата Кондев (6), Хорват (5), Шилегов (4) и Поповиќ (3).

Металург ја заврши својата обврска во групата “Б“ и утре ќе има слободен ден. В недела се пресметките за пласман, а Металург најверојатно ќе игра во малото финале.

.

Струга – Металург  24:35 (12:17)

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Мијатовиќ, Кондев 6, Канкараш 3, Поповиќ 3, Шилегов 4, Хорват 5, Мариќ 3, Младеновиќ, Вујовиќ 1, Тарабокија 1, Тодески, Митиќ 2, Рниќ 3, Додиќ 3, Потиќ 1  и Маркоски.   Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 12 мин.

Судии: Михајло и Методија Илиевски

Делегат: Камишевски Душко

Прочитано 477 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 3 =