Топ Вести

Утре и задутре екипите на Металург ги играат своите претпоследни натпревари во тековната сезона

24.05.2018 22:51
1244028908951_resize

Пред самиот сме крај на сезоната 2017/18, па на нашите две екипи им преостанаа уште по само две средби во првенството на Македонија.

РК Металург утре патува во Битола каде ќе се соочи со екипата на Пелистер. Оваа средба ќе почне во 18.30 часот. Металург веќе го освои второто место во првенството на Македонија и за нас оваа средба ќе има ревијален карактер, што не важи и за Пелистер, кој се уште е во борба за четвртата позиција.

В сабота, 26 мај, Металург 2 гостува кај екипата на Вардар Јуниор, а средбата, која се игра во малата сала на СЦ “Јане Сандански“, ќе почне во 13 часот. Ова ќе биде жесток натпревар, бидејќи и двете екипи се уште го немаат решено опстанокот во македонската Суперлига.

Прочитано 65 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 2 =