Утре Металург треба да ја завери вицешампионската титула

22.05.2018 10:33
topka1

Утрешните натпревари од осмото коло на плејоф и плејаут фазите се од огромно значење за двата тима на Металург.

Тоа особено се однесува на Металург, кој ја дочекува екипата на РК Еурофарм Работник, што е најдиректна пресметка за второто место во македонското првенство. Првата средба меѓу овие две екипи, одиграна во Битола, заврши со нерешените 27:27, додека втората, одиграна во рамките на полуфиналето на Купот на Македонија, ја добивме со убедливи 28:21. Сепак, претходните два резултати треба да се заборават. Утрешниот натпревар можеби е најважниот во тековната сезона, а се игра во Автокоманда, со почеток во 19.30 часот.

Нешто порано, со почеток во 17 часот, во Автокоманда ќе се одигра и средбата од осмото коло во плејаут фазата, во која Металург 2 ќе ја пречека екипата на Радовиш. Секој бод освоен на оваа средба ќе биде од огромно значење во борбата за опстанокот на нашата млада екипа во македонската Суперлига.

Влезот за двете средби е слободен.

Прочитано 100 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 2