УТРЕ НЕ ЧЕКА НОВА БИТКА

17.03.2012 02:08
metalurg-zagreb-banskoliev (123)_resize

Постепено влегуваме во последната и главна фаза на тековната сезона. Сега треба да ги собереме плодовите од напорната работа. Се боревме во многу спортски битки. Се боревме на терените на нашите спортски ривали од Израел, Словенија, Полска, Русија, Германија, Романија, БиХ, Србија, Хрватска и Црна Гора. Некои битки ги загубивме, повеќето ги добивме. Одигравме 31-на официјална средба. Загубивме 5 натпревари, во 5 средби одигравме нерешено и извојувавме 21 победа.

Сега сме пред нов предизвик. Се бориме за влез меѓу 8-те најдобри екипи во светот на ракометот. За да го оствариме тоа мораме да го победиме бившиот двоен европски шампион и долгогодишен неприкосновен владател на балканскиот ракомет, екипата на Загреб. До скоро тоа би било “невозможна мисија“, но денес веруваме дека можеме да дојдеме до посакуваниот успех.

Загреб е наш голем должник. И поради двата порази во Лига на шампиони во сезона 2006/7, и поради нерешениот резултат оваа година во СЕХА натпреварувањето, кога испуштивме сигурна победа. Мотиви има доволно на двете страни. Нашиот е поголем. Ние сме екипа во подем, екипа која досега никогаш не стигнала толку далеку во Л.Ш. Ние сме желни за успех и имаме шанса за каква досега сонувавме.

Не чекаат две тешки средби со хрватскиот шампион. Како што рече Лино Червар, тоа ќе биде вистинска ракометна војна.

Нашите фанови, нашите навивачи, ги повикуваме да ни дадат подршка. Македонскиот начин на навивање стана препознатлив и очекуваме дека преполната сала ќе биде еден од факторите кои ќе ја решат средбата во наша корист.

Утре ќе се бориме за историја, за слава, за успех.

Прочитано 921 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 4