УТРЕ НОВА ЖДРЕПКА , ЌЕ СЕ ИЗВЛЕКУВААТ ГРУПИТЕ ЗА ЛИГА НА ШАМПИОНИ

05.07.2012 00:25
CL_Velux_Logo_Horizontal_CMYK_p1_resize

Седиштето на “Адидас“ во Германија утре ќе биде центар на вниманието на европската ракометна јавност. Ќе се изврши извлекување на групите за Лига на шампиони. Почетокот на ждрепката е во 11.00 часот.

Екипите се поделени во шест (кај дамите во четири), различни по квалитет, барабани. За жал, двете екипи на Металург, под услов да се пробијат во групната фаза, ќе бидат во последните барабани.

Кај мажите ќе се формираат четири групи со по шест екипи (по една екипа од секој барабан), додека кај жените – четири групи со по четири екипи (по една екипа од секој барабан).

Еве го и составот на барабаните:

Барабан 1
AГ Koпенхаген (DEN)
ФЦ Барселона  (ESP)
Moнпеље ХБ (FRA)
ТХВ Kил (GER)

Барабан 2
КО Загреб  (CRO)
Веспрем ХЦ (HUN)
Чеховски Медведи (RUS)
Горење Велење (SLO)

Барабан 3
БМ Атлетико Мадрид  (ESP)
СГ Фленсбург (GER)
КС Виве Tарги Kиелце (POL)
Kaдетен Шафхаузен (SUI)

Барабан 4
Aдемар Леон (ESP)
Шамбери (FRA)
Фуксе Берлин (GER)
ИK Савехоф (SWE)

Барабан 5
Пик Сегед (HUN)
Ст. Петерсбург (RUS)
Цеље Пивоварна Лашко (SLO)
Победник од квалиф. група 1: РК Слога (BIH), РК Партизан (SRB), ФЦ Порто (POR) и ХЦ Ловќен (MNE)

Барабан 6
Победник од квалиф. група 2: РК Металург (MKD), Хаслум (NOR), Динамо Полтава (UKR) и Алпла Хард (AUT)
Победник на квалиф. група 3: Констанца (ROU), Татран Прешов (SVK), Макаби (ISR) и Бозен (ITA)
Победник од бараж дуелот помеѓу Динамо Минск(BLR) – Бешихташ (TUR)
Победник на Вајлд карта турнирот: Хамбург (GER), Ст.Рафаел (FRA), Силкеборг (DAN) и Висла Плоцк (POL)

Прочитано 366 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 1