Утре почнува 4.коло на СЕХА-лигата

17.09.2018 23:03
FB_IMG_1537218066831

Со утрешните две средби, почнува четвртото коло на СЕХА-лигата, кое ќе донесе интересни пресметки меѓу екипи од врвот, но и од долниот дел на табелата. Металург својот натпревар ќе го одигра в среда, а наш противник ќе биде тимот на Извиѓач, кој во претходните три кола, исто како и Металург, забележа три порази. На денешната прес-конференција на Металург, помошникот-тренер Оливер Димитриоски и пикерот на нашиот тим Милан Лазаревски искажаа оптимизам и најавија победа и први бодови за Металург, иако потенцираа дека проблемот со повредите не е надминат и дека Велковски и Јагуриновски и натаму се надвор од тимот.

Распоред:

18.09.2018 г.: Мешков Брест – Татран Прешов

18.09.2018 г.: Вардар – Стеауа

19.09.2018 г.: Металург – Извиѓач

19.09.2018 г.: Нексе – Железничар Ниш

23.09.2018 г.: Војводина – ППД Загреб

Прочитано 289 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 7