Утре почнува 8-та сезона на СЕХА-лигата, Металург игра со Вардар

27.08.2018 13:11
39253374_1385773031525433_3881818289965367296_n_resize

Со утрешните дуели помеѓу романска Стеауа и словачкиот шампион Татран Прешов и српското дерби помеѓу Железничар и Војводина, ќе почне осмата сезона во Регионалната лига.

Дебитанти во годинашнава сезона во СЕХА-лигата се Стеауа од Букурешт и српскиот вицепрвак Железничар од Ниш. Улогата на повратник во лигата ја има босанскиот првак Извиѓач.

Металург во првото коло ќе се сретне со екипата на Вардар. Иако постоеше можност Металург да биде домаќин во салата “Јане Сандански“, на крајот двата клуба се договорија да ги променат домаќинствата, па в среда домаќин ќе биде Вардар, а во 10. коло таа улога ќе ја има Металург во ВИП Арената СЦ “Борис Трајковски“.

Новиот шеф на стручниот штаб на Металург, Данило Брестовац со доаѓањето на чело на тимот од „Автокоманда“, најави продолжување на создавачкиот концепт на Металург и продукција на млади македонски ракометари, кои преку натпреварите во Регионалната Лига и во Лигата на шампионите, полека ќе прераснуваат во врвни играчи, кои ќе ги бранат боите на клубот и на националните селекции.

Создавање млад, борбен и конкурентен тим ќе биде наша главна цел во следните три сезони. Ќе се обидам да наметнам малку поразличен начин на игра во нападот и одредена доза агресивност во одбраната. Во пресрет на новата натпреварувачка сезона главен непријател ни е времето. Се обидуваме да се навикнеме едни на други и како што одминува времето ќе ја добиваме вистинската физиономија на екипата, а со тоа очекувам и се подобри игри. Сакам чекор по чекор да одиме напред“, изјави тренерот на Металург Данило Брестовац, кој в среда против Вардар ќе го има првиот официјален меч на чело на Металург.

Прочитано 359 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 6