Топ Вести

Утре почнува фајналфор-разврската во СЕХА-лигата

12.04.2018 14:48
2624_1458219194

Скопје и СЦ “Јане Сандански“ од утре ќе бидат епицентар на збиднувањата во СЕХА-лигата. Крајот на уште една сезона во ова регионално натпреварување ќе го одбележи фајналфор-турнирот, кој утре стартува со двете полуфинални средби, за в недела да заврши со средбата за третото место и со големото финале.

За титулата ќе се борат шампионите на Македонија, Хрватска, Белорусија и на Словенија, а натпреварите ќе се играат според следниот распоред:

.

13 април (петок), 17.45 ч.:  Вардар – Мешков Брест

13 април (петок), 20.15 ч.:  ППД Загреб – Цеље ПЛ

15 април (недела), 17.45 ч.:  Натпревар за третото место

15 април (недела), 20.15 ч.:  Финале

Прочитано 49 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 5