Утре почнува шестото коло на Лигата на шампионите. Распоред и сатница

02.11.2018 17:35
35525274_10155798289913666_1776430982233063424_o

По кратката пауза, поради ЕХФ неделата, продолжува натпреварувањето во Лигата на шампионите. Продолжува со шестото коло, со кое Металург ќе влезе во втората половина од групната фаза. Наш противник е екипата на Чеховски Медведи, која не порази во минатото коло одиграно во Чехово. Металург во својот состав ќе ги има и трите засилувања стекнати во паузата. Да потсетиме, средбата ќе се одигра во ВИП Арената СЦ “Борис Трајковски“, а влезот е слободен за сите љубители на ракометот. Ги повикуваме нашите навивачи да дојдат во голем број и да не поддржат во нашиот обид да стигнеме до првата победа во тековната сезона на Лигата на шампионите.

.

Распоред и сатница:

03.11.2018 г., 16.00 ч..:  Кокс – Елверум  (Д)

03.11.2018 г., 17.30 ч..:  Веспрем – Р.Н.Левен  (А)

03.11.2018 г., 17.30 ч..:  Вардар – Мешков Брест  (А)

03.11.2018 г., 17.30 ч..:  Нант – ППД Загреб  (Б)

03.11.2018 г., 18.00 ч..:  Висла Плоцк – Динамо Букурешт  (Д)

03.11.2018 г., 18.30 ч..:  Спортинг – Татран Прешов  (Ц)

03.11.2018 г., 19.30 ч..:  Кристијанштад – Монпелје  (А)

03.11.2018 г., 20.00 ч..:  Адемар Леон – Вакер Тун  (Д)

04.11.2018 г., 15.10 ч..:  Силкеборг – Бешикташ  (Ц)

04.11.2018 г., 17.00 ч..:  Металург – Чеховски Медведи  (Ц)

04.11.2018 г., 17.00 ч..:  Цеље ПЛМотор Запорожје  (Б)

04.11.2018 г., 17.00 ч..:  ПСЖ – Пик Сегед  (Б)

04.11.2018 г., 18.15 ч..:  Фленсбург – Скјерн  (Б)

04.11.2018 г., 19.00 ч..:  Барселона – Киелце  (А)

Прочитано 185 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 11