Утре се игра Суперкупот на Македонија

17.09.2019 17:57
DAR_3742_resize_resize

Утре во Куманово се игра третото издание на Суперкупот на Македонија. На за нас среќниот терен во Куманово, каде пред неколку месеци го освоивме Купот на Македонија, ќе се сретнеме со актуелниот европски и македонски шампион – Вардар. Тоа ќе биде реприза на ланскиот дуел, кој тогаш му припадна на Вардар, со убедливи 33:24 (16:10).

Средбата, како што кажавме, ќе се игра во спортската сала во Куманово, со почеток во 20.30 часот, а ќе ја судат најдобрите македонски арбитри – Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Овој натпревар ќе можете да го проследите на ТВ Телма.

Прочитано 304 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 6 =