Утре во Автокоманда се решава титулата

24.05.2016 17:38
GIL_0482_resize

Утре во Автокоманда се игра втората средба меѓу двете најдобри македонски ракометни екипи, а резултатот од оваа средба ќе го даде името на новиот шампион на Македонија.

Вардар е неоспорен фаворит, а дербито можеби веќе не е на тоа ниво на кое беше до пред две години, но младиот тим на Металург нема намера лесно да се предаде и ќе стори се за да му ја расипе забавата на македонскиот шампион.

Првата средба ја загубивме со четири гола разлика, но бевме рамноправни во огромен дел од тој натпревар. Нема причина така да не биде и на утрешната средба, која е закажана со почеток во 18 часот.

Цената на влезниците е 100 денари, а можат да се купат на касата во салата Автокоманда.

Прочитано 1.381 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 0