В петок Металург ја стартува сезоната во македонската Суперлига

04.09.2019 15:26
DAR_0022_resize_resize

За два дена ќе почнат обврските на Металург во македонската Суперлига.

Во рамките на првото коло, екипите на Металург и на Металург 2 ќе одиграат братско дерби. Улогата на домаќин ќе ја има тимот на Металург 2, а натпреварот ќе се одигра во салата Автокоманда.

Судии на натпреварот ќе бидат Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје, додека делегат на средбата ќе биде Камер Металари, исто така од Скопје.

Средбата ќе почне во 18 часот, а влезот е слободен за сите љубители на ракометот.

Прочитано 281 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 8 =