В сабота: Металург против Еурофарм Пелистер 2, Металург РА против Драчево

26.03.2021 12:00
GIL_8910_resize_resize

Утрешниот ден ни носи дуели на двете наши екипи во македонското првенство.

Најпрво во 15 часот ќе го проследиме натпреварот меѓу екипите на Металург и на Еурофарм Пелистер 2, во рамките на третото коло од плејофот во македонската Суперлига. Натпреварот ќе се одигра во Автокоманда, а на нашата клупа ќе дебитира Иван Марковски во својство на тренер. Оваа средба, која за нас е од исклучително значење, ќе ја судат Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев, а ќе ја делегира Цано Куртовиќ, сите од Скопје.

В0 18, пак, часот во салата “Круме Кепевски“ во Кисела Вода ќе се одигра натпревар од петтото коло на плејофот на Првата лига во кој нашиот Металург РА ќе и гостува на екипата на Драчево. Судии на оваа средба ќе бидат Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје, додека делегат ќе биде Стево Костенчев, исто така од Скопје.

Прочитано 183 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 2 =