В САБОТА ПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ СО БАРСЕЛОНА

12.02.2014 13:30
metalurg_barcelona_preview (1)_resize

rk-metlurg-logo_final_resize

Почитувани,

Влезниците за натпреварот од 10-тото коло на Лигата на шампионите, меѓу екипите на Металург и на Барселона (Шпанија), ќе бидат пуштени во продажба на ден 15.2.2014 година (сабота), со почеток во 12 часот.  Истите ќе се продаваат на сите продажни места на „КупиКартиЗаСе“, во Скопје и низ Македонија, и онлине на www.kupikartizase.com .

Би сакале да ве информираме дека нашиот дистрибутер “КупиКартиЗаСе“ има две нови продажни места и тоа:

-книжарница „Мамут“ во Скопје Сити Мол, на вториот кат,

-книжарница „Мамут“ на ул. Македонија (Градскиот плоштад).

Цените на влезниците се следни:

-Блок Б7, Б8 и Б9 по цена од 200 денари,

-Блок Б5, Б6, Б10, Б11 и Б15 по цена од 300 денари,

-Блок М7, М8 и М9 по цена од 300 денари.

Напомена: Блоковите Б2, Б3, Б4, Б12, Б14, М1, М2, М3, М4, М12, М13, М14 и М15 се веќе продадени како блок влезници.

Благодариме на соработката.

Прочитано 4.605 пати

(21) Коментари

  1. Odlicno, kako veren navivac na metalurg, nema da mozam da gi podrzam na najdobrata utakmica, zatoa sto kartite vi se mnogu skapi.
    I Vardar igrase so istata ekipa no kartite bea so ista cena. Ne e fer da se poskapuvaat kartite. :(

    • Најбројните места што ќе бидат пуштени во продажба се поскапени за симболични 50 денари, за натпревар со една Барселона. Сигурни сме дека тоа нема да биде ненадоместив трошок за било кого. Жалиме ако токму тие 50 денари бидат причина да не дојдете на натпреварот.

    • 200 denari ti se mnogu ?
      Jas ne znam nekoe disko kade sto vlezot ne e 200 denari i toa za nekoe 15 godisno dete sto pusta muzika.
      A za Stanic, Vugrinec, Mirkulovski protiv Lazarov i Karabatic 200 denari se mnogu ?

      Interesno

    • ova li e skapo be site utakmici ideme od veles dagi gledame .da igrase vo veles metalurg i 1000 den.da bea kartite za saat vreme ke se prodadat.

    • 077 888 942 , eve ti moj broj , koga ke si pred sala , javi mi se ke ti dadam 50 denari i ne se glupiraj c.c…

  2. kade se kupuvaat vleznicite

  3. Vazat li sezonskite – blok karti za ovoj natprevar?
    blagodaram.

    • Секако, зошто прашувате ?

  4. Дали има некакви шанси да се резервираат картите, порано?

  5. neam protiv cenite nisto ..samo tehnicki interveniram…poglednete ja slikata najgore i poglednete ja cenata sto e tamu navedena ….ili trgnete ja taa slika ili smenete gi cenite ..so pocit

    • Тоа е урнек што го добиваме од дистрибутерот за да видиме како ќе изгледа картата и секогаш е со цена од 100 денари.

  6. ima li prodazni mesta vo Kumanovo ??

  7. a vo kolku saato se igra natprevaro

    • Недела, во 14 часот.

  8. znaci site sto ke kupuvame karti treba da kupime od zad golovite posto drugite mesta se vejke kupeni ???

    • Сезонските влезници се купени на почетокот на сезоната и секој имаше можност да го направи тоа. Овој принцип на продажба не го измислевме ние, така е во секој клуб и во секој спорт во светот.

  9. kade mozat da se kupat karti i dali ima seuste??

  10. kade mozat da se nabavat karti
    ?? i po koja cena??

Напиши одговор на A Откажи одговор


4 − 3 =