В САБОТА ПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАТПРЕВАРОТ МЕТАЛУРГ – ВАРДАР

07.11.2013 17:02
1461461_10151844950608101_801927691_n_resize

za tekst

Почитувани,

На ден 9.11.2013 година (сабота), со почеток во 12 часот, ќе почне продажбата на влезници за натпреварот меѓу Металург и Вардар, во рамките на 5. коло од Лигата на шампионите.

Цените на влезниците се исти како на претходните натпревари и се движат од 150 до 200 денари, во зависност од местоположбата.

Во продажба ќе бидат пуштени вкупно 2.200 влезници, бидејќи претходно се веќе продадени 3.000 сезонски билети, а надвор од продажба е и ВИП-блокот. Останатите влезници, во блоковите Б1 и Б15, се резервирани за  навивачките групи на Металург и на Вардар, според договорот постигнат меѓу двата клуба. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во продажните места на „КупиКартиЗаСе“, во Скопје и цела Македонија, и онлајн на www.kupikartizase.com .

metalurg_vardar_resize

Прочитано 2.523 пати

(3) Коментари

  1. Izvinite da ve prasam vo aerdrom vo biser dali se prodavaat karti ?

  2. na koja tribina se navijacite na Metalurg, a na koja na Vardar?

Напишете коментар


+ 9 = 12