Валповка го освои меѓународниот детски турнир на Металург

15.08.2018 13:06
_DSC0045_resize

Во големото финале на меѓународниот детски турнир на Металург денеска се сретнаа двете хрватски екипи, а победник на турнирот стана екипата на РК Валповка, која убедливо го совлада тимот на РК Ругвица, со резултат 26:19 (11:9).

Валповка имаше водство во текот на сите 60 минути и покажа дека е убедливо најдобриот тим на овој турнир. Ако првото полувреме и беше колку толку рамноправно, во вториот дел Валповка комплетно ги надигра сонародниците од РК Ругвица и заслужено дојде до главниот трофеј на турнирот.

.

РК Ругвица – РК Валповка  19:26 (9:11)

РК Ругвица: З.Хрка, Катиќ, Иванковиќ 5, Кулиш, Бискуповиќ, Кризманиќ 5, Мариќ, Голубиќ, Кокот, Север, А.Лончар, Грлиќ, Зориќ 2, Вичиќ 3, М.Лончар и Н.Хрка 4.   Седмерци: 7/10.    Исклучувања: 2 минути.

РК Валповка: Лазар, Видошиќ, Кротиќ, Џурин 1, Пепиќ 1, Новосовиќ, Пандуриќ 3, Пушиќ 3, Тивановац 2, Вукелиќ 8, Бојер 6, Кркач и Крстиќ 2.     Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Блаже од Скопје.

Фото:

Прочитано 220 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 2