ВАЛТЕР ВУЛЕТА, НОВ КОНДИЦИОНЕН ТРЕНЕР НА МЕТАЛУРГ

25.07.2012 16:09
DSC_7262_resize

По тригодишната соработка со тренерот Даниел Јуришиќ, во Металург дојде до промена на кондициониот тренер. Името на новиот тренер е Валтер Вулета, 25-годишен магистер по кинезиологија од Загреб.

Валтер Вулета е во моментот кондиционен тренер на хрватската јуниорска репрезентација која постигна огромен успех со освојувањето на сребрениот медал на Европското јуниорско првенство во Турција.

Валтер со својата работа ја продолжува семејната традиција. Имено, неговиот татко е Динко Вулета кој е едно од најпознатите имиња во областа на кинезиологијата, професор на факултетот за кинезиологија, познат тренер и претседател на хрватскиот сојуз на спортските тренери.

Иако млад, Валтер веќе има издадено низа стручни трудови и е редовен предавач на семинари, симпозиуми и собири на спортски тренери.

Со Валтер Вулета разговаравме во службените простории на РК Металург.

Сите помалку не изненади заминувањето на Даниел Јуришиќ  и најавата дека на негово место ќе дојде млад и перспективен тренер. Со што го привлече вниманието на Лино Червар ?

-“ Многу е веројатно дека пресуди моето постојано вложување во самиот себе и резултатите кои ги постигнав во последно време. Не сум толку искусен како што кажавте и самиот, но заедно со селекторот на хрватската јуниорска репрезентација Силвио Ивандија постигнавме голем успех со освојувањето на сребрениот медал на Европското првенството во Турција.

Дали при твојот избор свое влијание имаше и името на твојот татко, Динко Вулета, кој е исклучително ценет кондиционен тренер, професор по кинезиологија и претседател на сојузот на спортските тренери на Хрватска ?

-“ Не би можел да ви одговорам на ова прашање иако мислам дека тоа немаше свое влијание врз одлуката на Лино Червар“

Собирајќи информации врзани со тебе забележав дека си редовно присутен на разни семинари, симпозиуми и собири на тренери. Иако си млад, веќе имаш издадено и свои трудови од областа на кинезиологијата. Дали теоретскиот дел од работата е твој омилен дел ?

-“ Сигурно дека е. Јас сметам дека теоретската база е многу битна во дејноста со која се бавам. Секако дека практичниот дел е подеднакво важен, особено во комбинација со теоријата и новите достигнувања на ова поле“

Знам дека си држел летни школи. Си бил кондиционен тренер на женската кадетска репрезентација на Хрватска, а сега и на машката јуниорска репрезентација. Сепак, сите тие ангажмани се однесуваат на помлади категории. Какво е твоето искуство во работа со сениорски екипи ?

-“ Искуство имам. Работев две, три сезони со женската екипа на Трешњевка и во тој период постигнавме и одлични резултати на меѓународен план. Солидни резултати имам и со машката екипа на Карловац со која стигнавме до третата позиција во првенството на Хрватска.

Дали Металург е твое прво интернационално искуство ?

-“ Не,не. Имав чест да соработувам со г-динот Ирфан Смаилагиќ кој ја водел репрезентацијата на Египет и тимот на Босна од Сараево.

Што е со твојот ангажман во јуниорската репрезентација на Хрватска. Дали со доаѓањето во Металург таа епизода од твојата кариера е завршена или истовремено ќе работиш на двете места ?

-“ Имајќи во предвид дека се уште не ги дефиниравме сите позиции на мојата работа овде, засега останувам и на таа должност“.

Незнам колку го познаваш составот на Металург кој има просек од 30,5 години. Тоа се прекалени борци кои во своите кариери имаа контакт со многу тренери. Ти си помлад од поголемиот дел од нив. Те плаши ли таквата твоја позиција и сметаш ли дека ќе можеш да се наметнеш ?

-“ Гледајте, јас од секогаш, без разлика дали работам со помлади или постари категории, тргнувам од формула за која сметам дека е успешна. Имено, сметам дека секој ќе го препознае квалитетот во мојата работа и секој, порано или покасно, ќе знае тоа да го цени. Не, не сметам дека тоа ќе ми преставува проблем“.

Каков тренер е Валтер Вулета ? Дали си спремен да трчаш и вежбаш со играчите или, во принцип, задаваш вежби и ја пратиш реализацијата ?

-“ Апсолутно. Јас секогаш сум спремен да ги поднесувам истите маки заедно со играчите. Спремен сум да трчам, вежбам, викам и да мотивирам. Спремен сум на се што е потребно за да се постигне бараниот резултат“.

Дали имаш собрано некаков материјал за нашиот клуб ?  Дали си прател некој наш натпревар ?

-“ Да. Ги следев вашите резултати во Лига на шампиони и во СЕХА лига. Присуствував на натпреварите на Металург со екипата на Загреб како на реваншот од Лига на шампиони во Загреб така и при вашето гостување во рамките на СЕХА лига. Ги гледав и средбите од фајнал-форот во СЕХА лига. Очигледно во случајот на Металург се работи за квалитетна екипа која не го кажа својот последен збор“.

Па засега тоа е се. Ти пожелувам успех во твојата работа со нашиот клуб.

-“ Навистина благодарам“.

Фото:

Прочитано 1.054 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 3 =