ВАНЧО ДИМОВСКИ: ПОСАКУВАМЕ ПОБЕДА И ЌЕ СТОРИМЕ СЕ ДА ЈА ОСТВАРИМЕ

19.10.2013 19:36
Vanco-Dimovski-foto-banskol_resize

za tekst

Ванчо Димовски, за дневникот “Нова Македонија“ ја даде следната изјава:

– Победата над ПСЖ нѐ крена во облаци, а поразот од Барселона нѐ олади и нѐ симна на земја. Пред нас е исклучително важен натпревар против Динамо Минск, во кој немаме право на грешка. Динамо е солидна екипа и уште од самиот почеток на сезоната знаевме дека, покрај фаворитите Барселона и ПСЖ, Металург и Вардар се главните конкуренти за места што водат во следната фаза натпревари во ЛШ – рече Димовски, кој верува дека заедно со публиката повторно ќе се радува по натпреварот со Динамо.

– Само од нас и од нашата игра ќе зависи исходот на утрешниот натпревар против Динамо Минск. Посакуваме победа, потребна ни е и верувам дека ќе ја постигнеме за потоа помирно да ги дочекаме натпреварите што ни следуваат, додаде Ванчо Димовски, во пресрет на натпреварот од 4. коло од Лигата на шампионите.

Прочитано 759 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 3 =