Вардар дури во финишот го совлада мотивираниот Металург

17.04.2021 18:56
DAR_5284_resize

Во Автокоманда се одигра натпреварот од седмото плејоф-коло на македонската Суперлига во кое Металург го пречека шампионскиот тим на Вардар. По голема и целосно рамноправна борба, бодовите и припаднаа на гостинската екипа, која славеше со резултат 27:31 (15:15).

Вардар во овој натпревар влезе како голем фаворит, како единствена екипа која во досегашниот тек од првенството нема загубено бодови. Но, средбите меѓу Металург и Вардар се секогаш неизвесни, без разлика на составите и на местата на табелата. Металург во овој натпревар влезе крајно мотивиран и подготвен за борба. Првото полувреме мина во крајно неизвесна и рамноправна борба во која и двете екипи имаа свои периоди и свои водства. Најсериозната предност ја имаше токму Металург, кој на само неколку минути до крајот на првиот дел стекна позитива од три гола, а имаше и напад за гол повеќе. Сепак, Вардар до крајот успеа да се консолидира и да го заврши полувремето со израмнети 15:15.

Многу слично се играше и во вториот дел. Металург успеваше да му парира на шампионот уште цели 25 минути, но на крајот пресудна стана подолгата и поквалитетна клупа на Вардар. Металург го загуби здивот, а деконцентрацијата стана причина за неколку лесно загубени топки, што Вардар не пропушти да го казни. Металург имаше последен напад преку кој сакаше да дојде до заостаток од само два гола, реални за случувањата на теренот, но погреши и му даде можност на Дибиров преку контра да му осигура на својот тим победа од четири голови разлика.

.

Металург – Вардар  27:31 (15:15)

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Петковски 4, Поповиќ, Кофилоски, Шилегов, Хорват 7, Калуѓеровиќ 5, Серафимов 5, Лазаревски 3, Тодески, Митиќ, Рниќ, Додиќ 3 и Маркоски.    Седмерци: 5/5.     ИКсклучувања: 6 минути.

Вардар: Кизиќ, Ристовски, Шевалевиќ 1, Јагуриновски, Стоилов 2, Димитриоски, Георгиевски 3, Јотиќ 3, Калараш 2, Гаџа 4, Чупиќ 6, Талески, Дибиров 7, Векиќ 3, Атанасовски и Мишевски.     Седмерци: 4/6.      Исклучувања: 10 минути.

Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Делегат: Русе Наумовски.

Прочитано 171 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 4 =