Топ Вести
- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 7 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 7 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 7 months
Вардар е последниот учесник на фајналфорот во Купот на Македонија
08.05.2018 11:09

Поради обврските во Лигата на шампионите, четврт-финалната група 1, чиј домаќин беше екипата на Вардар, своите натпревари ги одигра вчера. Сосема очекувано, победник на групата е екипата на Вардар, која во групното полуфинале го совлада тимот на Металург 2, со резултат 52:24 (27:12), а во финалето и тимот на Вардар Јуниор, со резултат 53:17 (28:11).
Вардар им се приклучи на екипите на Металург, на Пелистер и на Еурофарм Работник, кои претходно го имаа обезбедено учеството на фајналфор-турнирот во Купот на Македонија, кој ќе се игра на 19 и на 20 мај, најверојатно во Битола.
Ждрепката за полуфиналните двојки ќе се влече утре.