Вардар е шампион на СЕХА-лигата, а Цеље победник во малото финале

15.04.2018 21:14
during the Final Tournament - Final match - PPD Zagreb vs Vardar - Final Four - SEHA - Gazprom league, Skopje, 15.04.2018, Mandatory Credit ©SEHA/ Uros Hocevar

Македонскиот шампион Вардар е староновиот првак на СЕХА-лигата. До својата четврта титула во ова регионално натпреварување стигна со победата против ППД Загреб.

Иако важеше за голем фаворит, Вардар мораше да се помачи за да го совлада денеска мотивираниот тим на Загреб, кој до крајот се бореше за титулата, но мораше да го признае квалитетот на Вардар и да се задоволи со второто место во сезоната 2017/18.

Вардар – ППД Загреб  26:24 (14:13)

Честитки за ракометарите и за стручниот штаб на Вардар.

Третото место го освои екипата на Цеље ПЛ, која го совлада демотивираниот Мешков Брест, со резултат 31:28.

Мешков Брест – Цеље ПЛ  28:31 (14:15)

Прочитано 76 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 7 =