Вардар е старо-новиот освојувач на националниот Суперкуп

18.08.2018 22:22
vardarmetalurg-5932_resize

Натпреварот за Суперкупот на Македонија, што се одигра во Струга, заврши со убедлива победа на Вардар, со резултат 33:24 (16:10). Овој резултат е очекуван, бидејќи Вардар реално има поквалитетен тим, а, освен тоа, Металург не настапи со својот најдобар можен состав. Уште еден хендикеп на Металург е времето на подготовки. Имено, Вардар е во одмината фаза на подготовки за новата сезона, додека Металург тренира десетина дена, а денеска допатува во Струга директно од Маврово, каде ги мина висинските подготовки. Тоа се почувствува во играта на нашите ракометари, кои беа “тешки“ во своите движења.

Средбата почна доста неефикасно, па во 7. минута беше само 1:1. Металург рамноправно се спротивставуваше се до 15. минута, кога беше 7:6 во полза на Вардар, но потоа влезе во серија грешки, па Вардар за првпат стекна посериозна предност од четири гола, 10:6. Оваа предност се зголеми на шест гола до крајот на првиот дел, 16:10.

Вториот дел почна со два едноподруго гола на Металург, кој имаше и напад за преполовување на негативата. Потоа Вардар повторно го засили темпото, направи серија од 5:0 и стигна до позитива од 9 гола, 21:12. Вардар во 55. минута за првпат стекна предност и од десет гола, 31:21, а конечниот резултат од оваа средба е 33:24.

Металург се враќа во Скопје, каде ќе ги продолжи подготовките, а со Вардар повторно ќе се сретнеме веќе на 29 август, во рамките на првото коло на СЕХА-лигата.

.

Вардар – Металург  33:24 (16:10)

Вардар: Милосављев (14 одбрани + 1 седмерец), Петковски (1 одбрана), Стоилов 3, Недановски 3, Поповски 1, Кристопанс 1, Скубе 4, Чупиќ 2, Дибиров 8, Шишкарев 2, Борозан 2, Војводиќ 2, Кисељев 4, Мишевски 1.    Седмерци: 0/1.   Исклучувања: 8 мин.

Металург: Томовски (7 одбрани + 1 седмерец), Даниловски (1 одбрана), Петковски, Јагањац 4, Додиќ, Димитриоски 4, Токиќ 1, Шилегов, Танкоски 4, Кузмановски 4, Маџовски 1, Велковски 2, Лазаревски 2, Јагуриновски 1, Арсеновски 1.     Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 4 мин.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 568 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 5