Вардар ја доби пријателската средба со Металург

29.01.2020 19:18
DAR_3050_resize_resize

Во СЦ “Јане Сандански“ се одигра пријателски натпревар меѓу градските ривали Металург и Вардар. Средбата, по барање на тренерите на двете екипи, се одигра без присуство на публика.

Двајцата тренери ја искористија средбата за воигрување на составите и за испробување на повеќе тактички варијанти. Во секој случај, резултатот беше во втор план.

Вардар настапи во комплетен состав, без голманите Кугис и Гедбан, но со одличните Кизиќ и Гогов. Металург, пак, не можеше да смета на Шилегов и на Пецаковски.

Самата средба долго време беше рамноправна, со чести резултатски осцилции, особено во првото полувреме во кое Металург на двапати имаше предност од 4 гола, но и губеше со 5 голови разлика. Првиот дел заврши со предност на Вардар од два гола, 17:15.

Се до средината на вториот дел се задржа оваа разлика од 2 до 3 гола, но во последната четвртина од средбата дојде до пад во нашата концентрација и Вардар за кратко време стекна предност од максимални 9 голови.

.

РК Вардар – РК Металург  35:26 (17:15)

РК Вардар: Кизиќ, Гогов, Карапалевски 1, Стоилов 1, Кукуловски 3, Атман 2, Калараш, Горпишин 1, Горбок 2, Дибиров 8, Чупиќ 5, Скубе 5, Кристопанс 6, Димитриоски 1, Пелко и Толедо,     Седмерци. 0.    Исклучувања: 4 минути.

РК Металург:  Дупјачанец, Ѓорѓески, Танкоски 4, Мариќ 3, Серафимов 3, Младеновиќ 2, Вујовиќ, Чантурија 5, Михајлов, Кондев 1, Јагуриновски, Поповиќ 5, Лазаревски 2, Кбилашвили, Додиќ 1, Маркоски и Арсеновски.    Седмерци: 2/2.   Исклучувања. 2 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Славе Николов од Скопје.

 

Прочитано 402 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 6 =