ВАРДАР ЈА ДОБИ ПРВАТА РУНДА

15.11.2013 01:32
01_resize

za tekst

Металург ја загуби средбата од петтото коло во Лигата на шампионите против екипата на Вардар и се стави во многу непријатна ситуација, бидејки потребните бодови ќе мора да ги бара на гостувањата кај екипите на Вардар или на Динамо Минск.

Вечерва Вардар знаеше да го казни непрепознатливиот Металург и неговата бледа, безидејна игра со каква не се успева во Лигата на шампионите. Павел Атман беше нашиот единствен расположен ракометар, кој покажа како треба да се бранат боите на клубот, иако во Металург е само неколку месеци, а играше и со нецелосно санирана повреда. Овој меч најдобро покажа колку ни недостасува Филип Миркуловски и неговиот фанатизам. Денешниот натпревар, за жал, го загубивме веќе во првите десетина минути, кога Вардар поведе со 5:2, а потоа и со 7:3. Се обиде Лино Червар со тајмаут да ги разбуди своите ракометари, но очигледно не успеа. Бевме ровити и пропусливи во одбраната, а брзоплети и безидејни во нападот. Ја загубивме битката на крилните позиции (11 гола на Вардар наспроти 5 на Металург), ја загубивме и на пикерската (2 наспроти 0), ја загубивме и на голманската (14 одбрани наспроти 9), а бевме подобри само на бековските, со 17 гола наспроти вардаровите 14, но ние од 30 обиди, а тие од 24. Имавме 13 загубени топки, наспроти 9 на Вардар. За жал, Металург вечерва ниту еднаш не дојде во ситуација вистински да го загрози водството на противникот, а најблиску бевме во четири наврати, кога намалувавме на три гола разлика. Вардар, пак, во седум наврати имаше огромна предност од шест гола. Ова е веројатно нашиот најлош натпревар во Лигата на шампионите во последните три години. Поголем е поразот од Барселона, но таму се соочивме со реална сила, додека денес не надигра екипа која е блиска до нашиот квалитет.

Ако причината за неуспехот е во големиот број на наши опоравени и неопоравени реконвалесценти и во малиот број на вистински тренинзи, тогаш ќе го сочекаме натпреварот од 24 ноември и новата пресметка со забрефтаниот Вардар. До тогаш ќе ги лечиме раните и ќе ги анализираме грешките. Едно е јасно, Металург може да одигра многу подобро од вечерва прикажаното.

Металург – Вардар 22:27 (9:14)

111058_256_2156_resizeМеталург: Станиќ (4 одбрани), Мијатовиќ (4 + седмерец), Ојлески 1/1, Димовски, Пецаковски, Вугринец 3/7 (2/3), Георгиевски 1/4, Манасков 3/5, В. Маркоски 1/1, З. Мојсоски, Н. Мојсовски 3/8 (1/2), Атман 7/10, Јоновски, Мандиќ, Пешевски, Чоровиќ 3/4.    Седмерци: 3/5.     Исклучувања: 10 минути.      Загубени топки: 13.

110836_256_1256_down_resizeВардар: Малумбрес, Милиќ (13 одбрани + седмерец), М. Стоилов, С. Стоилов 1/1, Прибак 1/2, Тоскиќ, Петриќ 2/3, Марковиќ 1/1, Карачиќ 7/8 (1/1), Душебаев 0/1, Абутовиќ 1/1, Лазаров 1/5, Растворцев 2/4, Дибиров 8/11 (2/3), Брумен 2/3, Чипурин 1/1.      Седмерци: 3/5.       Исклучувања: 14 минути.         Загубени топки: 9.

Судии: Гјединг и Хансен од Данска.

Делегат: Владимир Сокол од Хрватска.

Прочитано 2.959 пати

(26) Коментари

  1. metarurg ja zagubi bitkata vo organizacijata na ovoj natprevar
    kako fan na ovoj klub i poranesen negov igrac koj doaga na sekoj negov natprevar cekav cas i polovina da vlazam
    potoa na moeto mesto sedea komiti i za sreka na vreme se premestivme i bese izbegnat sudir.Ve zamoluvam vo idnina poseriozno da se potrudite okolu ova zatoa sto Metarurg e Makedonski bred i mu treba vistinska organizacija imam godisna karta od 1500den a ceekam za vlez i nemam kade da sednam

    • vo se si vo pravo, ova sto se sluci kako da bese rezirano , namerno ne bevme pusteni za da mozat divjacite da vlezat bez karta i vo golem broj bea pusteni i od obezbeduvanjeto i od policijata, postoese strav za bezbednosta kaj site pa i kaj igracite i opravdano se izgubija i tie , ova poveke na vojna mi licese a ne na duel na dve evropski ekipi, nevideno nesto , resen sum da gi bojkotiram site natprevari koga se igra protiv Vardar i upravata na Metalurg odnapred neka im gi dade posakuvanite bodovi ,navreme pred da padnat zrtvi

  2. Вечерва изгубивме на сите полиња.
    1. Организациски … требаче да им се дадат на комитите 1000 карти позади гол (има мрежа и таа ќе штити од фрлања на предмети. Значи , ќе ги немаше во останатиот дел од салата, каде за воља на вистината навиваа фанатички и од срце.
    2. Малубројните Пирати се трудеа колку можеа да дигнат и направат атмосфера, но без тапани и подршка од останатите навивачи на Металург во салата не им успеваше.
    3. На сите наши играчи, сем на Атман, Ојлески и Јоновски им се фатија и рацете и нозете. Разбирам да се одигра така против Барса ( мада и тоа не е оправдано) на гости, ама дома, со познат противник … НЕ СМЕЕШЕ ДА СЕ СЛУЧИ ВАКОВ ДЕБАКЛ. Каде се скрија Станиќ Мојсо, Ренато, Манасков, Ѓеоргиевски и останатите, …. бледи, анемични без ниеден дуел еден на еден, БЕЗ СРЦЕ … ДРАГИ МОИ, ВО РАКОМЕТНА ЕВРОПА СО ВАКВА ИГРА НЕМА ШТО БАРАМЕ.
    4. Да се обидеме да ги залечиме раните за овие 10 дена, ако се врати Жути на терен да ги искористиме неговото и Алтмановото ЛАВОВСКИ СРЦИЊА И ДА СЕ НАДЕВАМЕ НА ДОБАР ДЕН НА СТАНИЌ па да се вратиме во игра за пласман во осмина финале. САМО ЕДЕН МЕТАЛУРГ !!!

  3. Не си единствен бато истото и мене ми се деси …

  4. Ова беше дефинитивно најлошо организиран натпревар што сум го посетила во мојов живот. При платена сезонска карта и пристигање пред вратите на салата во 7 и 12 мин , чекав добри саат време за да влезам, иако утакмицата веќе беше почната , а јас поштено си се тургав со мали деца, стари луге и уште многу други недолжни изгазени и пренервирани луге. Навивачите беа изморени додека влезат , а шокот не чекаше внатре кога видовме дека на 90% од местата што сме ги платиле седеа Вардарови фанови. Околу сите нас имаше такви кои правеа проблеми и беше невозможно да се гледа , а камоли да се навива. Јас навистина незнам зошто воопшто ги продававте влезниците во блок М1 и М2 како сезонски ако над лојалните фанови стојат навивачи на спротивната екипа. Гледав дека голем дел од лугето се жалеа што не можеа да си седат на нивните платени сезонски места , а вашите лица кренаа раце и не им помогнаа.Во блок М1 гледав дека по инцидентот седнаа навивачи на Вардар водени од Вујовиќ на места на сезонски навивачи кои се исплашија да останат под Комитите , што беше сосема нормално .Срам за организацијата и жално за играчите , бидејќи на крај не можевме да ги бодреме нив како што заслужуваа , а дечките изгинаа на терен.

  5. за организацијата виновна е полицијата .зашто
    Металург ги имаше отворено вратите уште во 18ч.
    но по налог на полицијата беа затворени и пуштени само
    2 врати за влегување . од 18 до 19ч бидејки имаше мал број
    на посетители полицијата можеше да претресува но од 19,30ч
    до 19,55ч дојде поголема толпа на луѓе и тогаш се направи тој застој,
    поради тоа луѓето каснеа на почетокот на натпреварот а и немаа каде
    да седнат бидејки им беа фатени местата. а кога видоа дека неможат да се справат со толкав народ
    почнаа да пуштаат и без карти ,па затоа се направи толкав хаос,
    јас лично дојдов во 19,15ч а влегов во 20,00ч.сепак немојте да го кривитеМЕТАЛУРГ затоа што они
    си имаа доба идеа да ги отворат сите врати и немаше да има никаков проблем.

  6. Samo da gi podrzam komentarite na Dimce i Emil.Natprevarite na Metalurg zaedno so moeto semejstvo gi sledam nekolku godini i vakvo nesto mi se nema sluceno,mi bese odzemeno mestoto za sedenje duri mi bese zagrozena i bezbednosta pobarav pomos i od redarite i od policijata a tie samo krevaa ramenici zatoa posle 20 minuti ja napustiv salata.Podrska do rakometarite nee sramota da se zagubi od Vardar ama ovoj pat zagubivte vie sto go organiziravte natprevarot.

  7. Вчера сите навивачи на Металург бевме во иста ситуација. Немавме каде да седиме, стоевме на скали, затоа што местата ни беа зафатени. Металург како клуб треба навистина да реагира за ова. Ние од срце навиваме за својот клуб и несакам на секоја утакмица со Вардар комитите да не тероризираат. Нека победи подобриот, ако е тоа Вардар нека биде. Ама сакам да го добијам тоа за што сум платила. Купивме сезонски карти затоа што сакаме да го бодриме својот на клуб на секоја утакмица. Овој пат се беше тактички направено и подредено за Вардар. Ние додека надвор чекаме, комитите да влезат пред сите нас и да ни ги фатат местата. За што, за да се покажат дека се побројни или дека повеќе го сакаат Вардар. Не е така.
    Инаку во делот на резултатот ништо не е загубено. Не е срамота да се загуби. Само бараме поангажирана игра и да се остави срцето на терен. И да знаете дека за вас навива и ве сака цела Македонија. Вие сте македонски бренд.

  8. Постои видно голема разлика помеѓу профилот на навивач на Металург и оној на Вардар. Ме радува што навивачи на Металург се фамилијарни луѓе, мајки со деца, повозрасни госпоѓи и господа кои редовно и верно доаѓаат на натпреварите. За разлика од нив а за жал на вистината типичниот навивач на Вардар е дете од 16-20 години, најчесто под алкохол, мотивиран уште од дома да прави инциденти на терен, што мисли дека верноста кон клубот се искажува со врескотење на терен и пцуење по сите играчи на Металург (наши репрезентативци). А за нивната верност кон клубот само ќе Ви кажам дека ниту еден од нив што вчера ревносно стоеја за клубот не доаѓа на натпреварите на женскиот тим на ЖРК Вардар да ги бодри и да навива со ист интензитет. Толку од нивната доследност и верност кон клубот. Напред МЕТАЛУРГ, ти си македонска гордост !

  9. Лекција и на терен и на трбина ни одржаа, тажно ама вистинито….

  10. Сите што ги следеле Металург и Вардар во изминативе години знаат дека на едно вакво дерби секогаш се случувале и ќе се случуваат инциденти !! Зашто едноставно не ја поделат салата на едно вакво дерби нека не важат сезонските карти за овие две утакмици…мислам дека на никој нема да му биде проблем да даде плус 200-300 денари пак ке биде полна салата. Вчера половина од луѓето место да го бодрат својот тим гледаа на сите страни пак да не се случи некој инцидент…На ништо не личеше вчера атмосферата во салата!! Катастрофа !!

  11. Ne e problemot samo shto Komiti gi zazemale mestata koi bile prazni. Jas vlegov vo sala vo 19 casot i posle 15 minuti cetvorica Komiti me napadnaa najprvo verbalno, potoa fizicki za da go napustam moeto mesto na Blokot B2, a si imam sezonska karta za koja sum platil 1000 denari. Policijata go dozvoli toa lincuvanje na nasite fanovi i im dozvoli na divjacite da zazemat 3 bloka povekje od toa shto trebase…SRAMOTA !

    Mene ne mi e problem nitu da sedam na skali, nitu da stojam, no imate familijarni lugje so mali deca koi begaa od svoite mesta koga ke gi videa zafateni od Komiti, a tie shto vekje si bea sednale, kako mene, bea nasilno izbrkani i nikoj ne reagirase.

    Nastrana toa deka pola Komiti vlegoa bez karta zosto specijalcite na vrata ne proveruvaa….

  12. i jas ke se nadovrzam na prethodnite komentari, navistina site se prasuvame sto se sluci vcer?
    Nie koi go podrzuvame Metalurg na site utakmici i koi si kupivme sezonski bileti bevme izbrkani od svoite mesta i napagani od komitite i bevme prinudeni da gledame od skali, a pritoa lugeto se plasea i da navivaat za Metalurg zatoa sto neznaes od koja strana ke te napadne nekoj ,,napalen,, komita. Na kraj bevme prinudeni i predvreme da ja napustime utakmicata.Barame objasnuvanje za vaka losata organizacija, definitivno na ovaa utakmica komitite bea domakini i gazdi.

  13. Vo celost se soglasuvam so site komentari posebno so onie na Emil, Sanja i Darko osven so ovoj na Pero deka ni odrzale lekcija i na teren i na tribinite.Za na teren ke se slozam megutoa za na tribinite ne bidejki tamu vazese praviloto “DOJDOA DIVITE GI IZBRKAA PITOMITE’, do koga se sto e normalno vo ovaa drzava nemoze da opstoi i da funkcionira, lugeto koj si dojdoa so karti za koj odvoile po 1000-1500 denari od svojot skromen budget za da gledaat rakomet i da gi bodrat pred se svoite sportski heroi nemaa ni kade da sednat a da ne zborime i deka bea uplaseni od nasilstvoto sto se custvuvase vo atmosferata. Komitite pisuvaa da ne se plasime” ne bile tie divjaci koi jadat zivi luge”, ne tie ne jadat luge bagrata kako niv go izede normalniot makedonski narod koj se poveke se povlekuva vo sebe nemozejki da se sprotistavi na ludiloto koe vladee. Edno e da navivas za svojot klub a nesto sosema drugo e da divees na tribinite, megutoa tuka propustot e golem pred se bo organizacijata a celata onaa silna policija vooruzena do zabi stoese kako da se fikusi za dekoracija redarite samo gi krevaa ramenicite i sto trebase normalniot covek sto dosol so svoite deca koi se identifikuvaat so svoite sportski heroi da se tepa so divata raja. Golem pozdrav do timot na Metalurg koj ja ima podrskata na celokupnata makedonska javnost no potfrli pred se vo organizacijata i na toj nacin moze da ja izgubi publikata. Golem pozdrav i do timot na Vardar cestitki za pobedata megutoa edno treba da znaat niedno normalno makedonsko semejstvo nesaka da gleda vakvo diveenje na tribinite ako vi e celta za vas da ve bodri samo zapalena raja prodolzete da gi plakate g.Samsonenko, megutoa odgovorete kade se na natprevarite koga igraat ZRK Vardar, jas mislam deka se gej privrzanici i deka imaat samo edna cel da se napravi steta na Metalurg i da bide kaznet od EHF ako ne e taka zasto ne se tepaa na natprevarite so Barselona i so PSZ, a rakometari sekoja cest za igrata megutoa motivot sto go imaat da go pobedat Metalurg definitivno im nedostasuva vo drugite natprevari. So doaganjeto na celo na RFM na g.Mukaetov site mislevme deka nesto ke se smeni, megutoa tesko odi nekako, gospodine Mukaetov diveenjeto vo salata go brka normalniot makedonski narod nadvor od natprevarot a da ne zaboravime samo toj narod doaga na natprevarite na makedonskata reprezentacija. Dali treba nekoj da zagine na tribinite pa nesto konecno da se prevzeme? Pozdrav

    • Добар коментар. Сакам да кажам зошто сметам дека Металург и е многу потребен на оваа држава. Затоа што навивачите на Металург доаѓаат од Скопје, Велес, Прилеп, Битола, Гостивар, Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Неготино, Охрид, Кочани, Струмица …и уште неколку града во Македонија. Многу од тие луѓе секој натпревар патуваат со свои коли или друг превоз до Скопје и истата вечер си одат дома. Тоа е нешто што е достојно за РЕСПЕКТ!. Металург е многу повеќе од спортски клуб, Металург ја обединува нашата држава под едно знаме и под еден покрив. Затоа ниту еден друг клуб не може да се спореди со него. Колку и да биле бучни комитите или паѓале во очи како бодрат, тие се многу многу помалку во однос на навивачите кои ги има Металург.м Доколку овие вториве се соберат заедно, нема сала ни стадион што може да ги собере. Затоа Металург е повеќе од спортски клуб, тој не обединува и затоа никој не треба да изгуби верба во него !

  14. Koga gi citas komentarite mnogu zalosno e sto voopsto ne se zboruva za rakometot i igrata na terenot, da se komentira za odnesuvanjeto i slucuvanjeto na tribinite. E vaka ne sme centar na evropskiot rakomet, rakometot slucajno zalutal na mizerniot Balkan.

  15. НИКАКО НЕМОЖАМ ДА РАЗБЕРАМ ,А И НЕ САКАМ….Зошто вината за организацијата се префрли на луѓето во Металург????И тие како и сите ние беа изманипулирани во последен час.Секој кој ке сака да го разбере мојот коментар ,прво нека си го постави прашањето: KOGA VO ISTORIJATA NA NATPREVARUVANJETO NA METALURG VO LS PRVO VLEGLE PIRATITE PA POSLE OSTANATATA PUBLIKA ?????? EPA LUGE MOI ETE GO ODGOVOROT NA SINOKESHNIOT SPEKTAKL KOJ GO ORGANIZIRAA LUGE OD MNOGU POVISOKI INSTANCI ,NA KOJ MNOGU NAVIVACI KOI SI IMAAT UREDNO KUPENO SEZONSKI BILETI ILI OSTANAA PRED VRATA ILI BEA ISPLUKANI I NAVREDENI OD NAVIVACHKATA GRUPA KOMITI.А СЕКАКО БИ САКАЛ ДА ГО ИСКАЖАМ МИСЛЕЊЕТО И ЗА СИТУАЦИЈАТА НА ТЕРЕН,КАДЕ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ КАПИТЕН КОЈ НИ СО ПРСТ НЕ МРДНА ,А НЕ ДА ГО ОСТАВИ СРЦЕТО НА ТЕРЕН СО ЗАВРЗАНИ ОЧИ ДА ШУТИРАШЕ ЌЕ ПОГОДЕШЕ БАРЕМ ЕДНА СТАТИВА АКО НЕ ДА ПОЕНТИРА.СРАМОТА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДОБРИНАТА НА СПОНЗОРОТ КОЈ БЕЗУСЛОВНО ГО ПОДДРЖУВА КЛУБОТ А НЕКОЈ ТОА НЕ ГО ЦЕНИ.СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ПО ОВОЈ НАТПРЕВАР НЕКОИ РАБОТИ ЌЕ СИ ДОЈДАТ НА СВОЕ МЕСТО….САМО МЕТЛА ФАЛИ И СЕ ДА СЕ СРЕДИ ,САМО ТОА …

    • Iskreno Metalurg bese domagin i organizator i ako trne nesto naopaku normalno kriv e organizatorot, prvo Metalurg mislam na upravata trebase da predvidi sto se moze da se sluci i da bide podgotvena, B1 kade trebase da bidat komitite trebase so posebno policisko obezbeduvanje da bidat preneseni do odredenoto mesto i da gi drzat tamu bez nikakvi incidenti , i togas atmosferata ke bese posigurna i pod kontrola , posebno za pijani lica ili onie sto se nalevaat pred vlez da ne bidat pusteni , tragino no Metalurg i vo seha taka napravi znaci ne e ova prv pat i verojatno ke izgubi dosta navivaci koi ke se resat od doma da go gledaat natprevarot

  16. Vo nikoj slucaj ne moze vinata da se prefrli samo na policijata, iako bea nevideni kreteni vcera, zaedno so redarite koi mislam deka ne znaat vsusnost sto pretstavuva nivnata profesija, bidejki organizacijata bese zadolzenie na Metalurg.
    Trebase uste pred da se pocne so polnenje salata da zastanat policajci do blok1 i blok15 od gore do dole, i toa mislam na onie vo maskirni odela, a ne idiotite koi koa ke im kazes deka te stanale od tvoeto stolce vika znam, idi najdi si dr mesto.
    I Metalurg stvarno mislam deka treba da im se odolzis na tvoite navivaci na naredniot natprevar na domasen teren protiv Tun, zosto nikoj od nas ne platil 1000/1500 za da dozivuva TORTURA.

    Znam deka ke bidat izvleceni pouki za igrata na ovoj natprevar i nema da doziveeme vtor debakal, tuku na vardar ke mu vratime so ista mera. SAMO EDEN METALURG 😀

    • За жал, според новиот закон полицијата само интервенира, а не смее да прави кордон и да ги дели навивачите.

      • Pa zosto togas vie dozvolivte nad glava da ni bidat nivnite navivaci,da ne plukaat,da ni se zakanuvaat i da ne brkaat od nasite mesta so sezonski bileti!? Prasajte go Mirkulovski sto mu se slucuvase i na sto se bese izlozuvan od Komitite pred ocite na negovata sopruga!? Eden od najdobrite makedonski rakometari koj srceto go ostava na teren i na klupski i na reprezentativni mecevi…ni nego ne uspeavte da go zastitite,a kamo li nas! vbPonizuvanje od najdolen vid!!!

  17. I na nasite mesta vo M2 koga dojdovme imase nekaneti gosti…megutoa posle kratko koskanje, nie sepak doagame 5 vozrasni mazi, mestata bea oslobodeni.
    Mnogu od lugeto koi na dosegasnite natprevari sedea okolu nas gi nemase, a site imaat sezonski vleznici, a ma nivnite mesta sedea navivaci na Vardar
    Metalurg treba da nauci deka najgolemiot broj od negovite navivasi se semejni luge …
    Sramota za Metalurg i navistina sae razmisluvam dali povtorno ke kupam sezonska vleznica…

  18. Овие кометари (за кои со сите сили ќе се трудам да бидат културни и без навреди) ќе ги испратам до сите редакции на медиумите, , клубовите кои вчера играа, па секој нека се најде.
    Јас сум Јовица, вљубеник во ракометот, 39 годишен, поранешен ракометен судија кој 6 години судел во прва македонска ракометна лига, татко на 2 деца од 3 и 5 години на кои се трудам да им ја всадам љубовта кон ракометот и ги носам на натпревари и на Вардар и на Металург во СЕХА лигата каде има помалку гужва. Човек кој на свој трошок, со свои пари (не со државни или партиски) и користејќи годишен одмор беше во Ниш и Белград да ја бодри машката репрезентација кога го освои историското 5 место. Имам купено блок карта за натпреварите на Металург од Лига на шампиони во блок 2.
    1. Најпрво честитки за победата на Вардар, беа подобар противник, ја заслужија победата. Ама во атмосфера како што имаше, ракометот беше споредна работа.
    2. Организацијата за влез на натпреварот беше катастрофална. Наместо да се постават бариерите многу подалеку од влезните врати и да се створи ред, се предизвика недозволена гужва. Зошто на јужниот влез беа отворени само страничните врати, и тоа по само 1 крило, а централната влезна врата со повеќе крила беше затворена? Дали организаторот или одговорните од МВР беа свесни дека на начинот кој се спроведе, само среќа не спаси некој во таа гужва и буткање да не биде повреден, да не биде залепен во вратата и да се исече од стакло? Зошто гледачите кои беа дојдени во 18.30 не можеа да почнат да влегуваат се до 19.30? Каде завршија оние силни најави за добра организација, за договор за сите детали по состанокот во РФМ? Дали некој требаше да загине за да некој реагира?
    3. Почетокот на натпреварот го пропуштија барем 20% од навивачите, дел заради тоа што не можеа да влезат навреме, а дел заради тоа што немаа каде да седнат. На нашите места имаше адосцеленти со закрвавени очи, на кои нашите сезонски билети не им значеа ништо. Спремни за расправање, а и нешто певеќе од тоа, не пречекаа со зборовите „Да не мислите дека ние сме хулигани, а? Вие сте биле големи господа па морало да седите?“ По нашата интервенција кај редарите, ни беше одговорено дека можеме да седнеме каде ќе најдеме место или да стоиме, а ако не ни чини да си одиме. Ако за тоа служат редарите, секоја чест.
    4. Комитите се покажаа како крајно некоректни, насилни, невоспитани, некултурни и уште многу други работи. Во текот на цело прво полувреме упатуваа закани кон околните гледачи кои навиваа за Металург, ги навредуваа, пцуеја, им се закануваа. Врв на се беше плукањето кон оние кои аплаудираа и се радуваа на головите и добрите потези на играчите на Металург. При развивањето на еден од транспарентите, на добар дел од гледачите на блок 2 им беше оневозможено 3 минути да го следат натпреварот. На оние кои реагираа и се обидоа да го отстранат, веднаш им приоѓаа по неколку запалени момци, кои физички ја решаваа ситуацијата. Да не биде дека сите Комити се однесуваа така, имаше и некои од нив кои ги советуваа лугето да си седат мадро и да не се расправаат со неразбрани.
    5. Голем број на луѓе, помеѓу кои и јас со моето друштво, не можејќи да го трпиме теророт кој го доживеавме, а сме платиле да гледаме натпревар, на полувремето решивме да ја напуштиме салата. На вратата шок, 15 минути им требаше да не пуштат да излеземе. Се обидовме да излеземе од источниот излез, ни рекоа не можело до крајот на натпреварот. По телефонските консултации, не пренасочија на јужниот влез, но и таму ни кажаа дека не може да излеземе затоа што „делегатот не дозволувал“. Додека чекавме од надвор разулавени дечишта лупаа во вратите, скриша едно стакло, а редарите и полицијата гледаа сеир. На крај не пренасочија на западниот излез на кој конечно излеговме. Таму имаше едно момче кое се претставување за одговорно за редот и безбедноста, кое што беше толку исплашено што се чини дека немаше крв во него.
    6. Полицијата беше во улога на манекени, кои само позираат и креваат раменици. Каде беа да ги заштитат нормалните луѓе, љубители на ракометот од вербални и физички закани? Каде беа да ги отстранат и казнат оние кои кршеа стакла и сееја страв, кои плукаа и пцуеја? Каде беа да ги казнат оние кои пушеа (ВО СПОРТСКА САЛА) иако со закон е забрането? Тие земаат плата и живеат од нашите пари.
    7. Металург треба да се стегне за наредниот натпревар, да покаже желба за победа. Но пред се треба да се огласи со став за се што се случуваше на трибините и околу салата, да им се извини на навивачите кои го следат на сите останати натпревари и да превземе мерки ова повеќе да не се повторува.
    8. Вардар треба да започне со едукација на Комитите, да се огради од испадите на нивните навивачи и да им се извини на нормалните луѓе кои вчера беа тероризирани, затоа што голем дел од нив се посетители на нивните натпревари во сите конкуренции во кои се натпреварува, и во машка и во женска конкуренција. Мора да се погрижи сите организациски пропусти за натпреварот на 24 ноември да ги отклони, за да не се случи истото. Андон Бошковски би требало да расчисти со себе дали е човек или украс, дали има интегритет и достоинство. Човекот седеше на клупата цел натпревар, прашуваше кај Самсоненко дали може да се обрати, а излезе на прес и зборуваше како „неговите“ играчи победиле. Сега се поставува прашањето зошто навистина е отпуштен Зоран Кастратовиќ, дали заради слаби резултати или заради покажување став дека директорот е директор а тренерот е тренер. Вардар треба да расчисти и кој признат ракометен тренер ќе се нафати да го превземе тимот, кога спортскиот директор е тој кој раководи со екипата, одлучува кој кого да замени, кој каде да игра, го води тимот во улога на тренер.

  19. Zakonite vo nasata drzava i onaka gi stitat samo bitangite, lopovite i ubicite, a policijata ke ja plakame za da sluzi kako ukras i ministerkata da se fali kolku se uspesni tie nejzinite nepismeni puleni koi vo slobodno vreme sigurno se odnesuvaat isto kako i navivackata grupa.

  20. Што се случува со Наумче Мојсовски Зошто не игра како што треба или како што играше лани. Платата ли му е мала или стар е веќе.

  21. Gospodin Jovica, neznam dali tie sto treba seto ova da go slusnat i vidat toa i go sakaat, k aj nas vladee uzasot i i se pomalku ima nades od tamu da izlezeme. Edinstven korekten natprevar pomegu Metalurg iVardar bese onoj od Seha ligata koga trener bese tokmu Kastratovic , no na zalost toa ne i odgovarase na upravata na Vardar. Ke mu skandiraat i ke go velicaata odlicniot bivski rakometar no bezvredniot covecki lik koj vladee na terenot so pravenje tenzija i neredi ako ima vo drzavava zdrav razumVujovic treba da bite proteran.

Напишете коментар


8 − 2 =