Вардар ја продолжи својата доминација во СЕХА-лигата

03.04.2019 21:37
Medal Ceremony , Final Four - SEHA - Gazprom league, Brest,03.04.2019, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiffimages

Во Брест (Белорусија) заврши фајнал-форот во СЕХА-лигата за сезона 2018/19. Старо-нов шампион е екипата на Вардар, која во финалето го совлада тимот на ППД Загреб и ја освои својата петта титула во ова регионално натпреварување, трета во низа.

Вардар без поголеми проблеми славеше против хрватскиот шампион. Загреб имаше повеќе од играта само на почетокот на средбата, а потоа се беше во знакот на шампионот на Македонија. При крајот на средбата Вардар ги имаше максималните пет гола предност, но средбата ја заврши со позитива од три гола.

Претходно, во борбата за третото место, Брест Мешков го совлада сезонското изненадување Нексе и се закити со бронзениот медал.

.

Резултати:

Меч за трето место:  Нексе – Мешков Брест  19:24 (8:12)

Финале:   ППД Загреб – Вардар  23:26 (12:14)

Прочитано 181 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 4 =