- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 5 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 5 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 5 months
Вардар Јуниор ги остави бодовите во Автокоманда

Во првиот натпревар од 7. коло на македонската ракометна Суперлига Металург 2 и нанесе пораз на екипата на Вардар Јуниор, која ја совлада со резултат 25:22 (12:10). Металург 2 на тој начин ја извојува својата трета првенствена победа и му го нанесе на противникот петтиот пораз во новата сезона.
Видовме одличен натпревар и голема борба меѓу надежите на Металург и на Вардар, а во таа борба нашите ракометари беа подобри и заслужено го добија овој натпревар.
Резултатската неизвесност траеше десетина минути, се до резултат 5:5, а потоа Металург 2 го презеде водството и го задржа до самиот крај. Првпат имавме предност од два гола во 14. минута, 7:5, а потоа поведовме и со три гола предност, во 29. минута, 14:11. Но, на одмор заминавме со вишок од два гола, 14:12.
Вториот дел го одигравме подобро од првиот, а разликата многу брзо се искачи до максималните +6, 23:17. Иако Вардар Јуниор се обиде да направи пресврт, за такво нешто нашиот противник немаше сили, па на крајот мораше да го признае поразот и да му честита на победникот.
Металург 2 – Вардар Јуниор 25:22 (14:12)
Металург 2: Пешевски, Петковски, Реџиќ, Крстевски 6, Шулевски, Здравковски, Димитриоски 8, Гошевски, Стојменов, Шилегов 1, Арсеновски 3, Танкоски 3, Палковски, Матијашиќ 4, Лазаревски и Лембанов. Седмерци: 4/6. Исклучувања: 8 минути. Црвен картон: Шилегов Мице.
Вардар Јуниор: Ивановски, Кизиќ, Ѓорѓески, Димов, Димовски, Георгиевски 1, Димитровски 1, Анастасовски 2, Поповски 3, Трпчевски, Ристов, Стојковски 1, Манасков 4, Кукуловски 2, Вујачиќ 7 и Ончев 1. Седмерци: 2/7. Исклучувања: 8 минути.
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.
Делегат: Душко Камишевски