ВАРДАР – МЕТАЛУРГ 14:17 (6:8)

12.12.2011 00:37
DSC02995_resize_resize

МЕТАЛУРГ ИЗНЕНАДИ.

Во 1980 година, во рамките на 6 Зимско првенство на Македонија, во финалната средба, Вардар загуби од Металург со резултат 14:17  (6:8). Тогаш, многу поискусниот, Вардар, член на 2 Сојузна лига Југ, се сретна со младата екипа на Металург, член на пониската Меѓурепубличка – покраинска лига. Финалната средба се одигра во салата “Кале“, пред околу 500 гледачи, а момчињата на тренерот Никола Богдановски сосема заслужено го освоија пехарот, одушевувајки ја публиката со прикажаната игра. Металург, со наметнатото темпо и неизмерната желба за победа, го разби отпорот на големиот противник и го постигна, во тој момент, најголемиот успех во својата историја.

Вардар: Јовановски, Савевски, Петровски, Магдинчев, Лазаровски 6, Мехмедовиќ, Печеновиќ 1, Кипровски 2, Гиевски 2, Ивановски 1, Божиновски 2, Царчев.

Металург: Томовски, Трајчевски, Тоточевски, Чокрев 2, С.Јосифовски 8, Б.Јосифовски 1, Проданов, Ниневски 2, Лудвиг, Митевски 3, Василевски 1, Силјановски.

Судеа скопските судии: Умети и Николовски.

Конечниот пласман: Металург, Вардар, Работнички, Пролет, Струга, Југ, Работнички (ветерани), Романовци, Ѓорче Петров и Солидарност.

Фото:

Прочитано 228 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 9