Топ Вести

Вардар падна и во “Јане Сандански“, пионерите на Металург се несопирливи

09.02.2019 17:29
47112779_293754941251965_5477829142181314560_n

Во седмото коло од пионерското првенство на Македонија, група 1, прво во пролетната сезона, пионерите на Металург победнички се враќаат од тешкото гостување ка Вардар. Градскиот ривал е поразен со минимални 17:16 (7:8), по тешка и израмнета борба. Сепак, победата е сосема заслужена, бидејќи нашите најмлади ракометари беа поконцентрирани тогаш кога тоа најмногу требаше. Со овој пораз се изјаловија надежите на Вардар за реванш на свој терен, а исто така се реши и конечниот победник во нашата група. Да потсетиме, пионерите на Металург беа подобри од Вардар и во Автокоманда, каде победија со резултат 19:15 (9:7), па сега разликата меѓу двете екипи е цели 6 бода.

Инаку, денешната средба мина во навистина жестока борба за секој гол. Во првото полувреме и двете екипи има свои периоди и беа во повремено водство, но овој период на крајот му припадна на Вардар, со минимални 8:7.

Поинаку се одвиваа работите во вториот дел од оваа интересна средба. Металург на самиот старт израмни, а потоа и поведе, па своето водство нашите млади ракометари не го испуштија до самиот крај. Се што успеа да стори Вардар се неколку израмнувања на резултатот. Конечниот резултат е 17:16 во полза на Металург.

.

РК Вардар – РК Металург  16:17 (8:7)

РК Вардар: Спасовски, Стојановски, Табаков, Аритонов, Сипковски, Гочев, Ристевски, Симоновски, Петрушевски 4, Трајановски 2, Колевски, Стојменов 1, Петковски 1, Спасовски, Трифуновски 6 и Анакиевски 2.    Седмерци: 0.    Исклучувања: 6 минути.

РК Металург: Анѓеловски, Димевски 3, Субашевски, Петровиќ, Тотиќ, Стојановски, Петковски 2, Петровски 3, Димковски, Гилев, Јазаџиев, Брестовац, Мелоски, Николов 4, Стојковиќ 1 и Андревски 4.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 0 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Трајковски Мирко од Скопје.

Делегат: Кимовски Зоран од Скопје.

Прочитано 548 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 6 =