Вардар повторно го запоседна врвот на европскиот клупски ракомет

02.06.2019 21:43
10

Од денеска Вардар е двоен европски клупски шампион.

Екипата на која на почетокот никој не и даваше преголеми шанси, особено откако стана дел од “групата на смртта“ во групната фаза, екипата која постојано беше доведувана во ситуација да ги демантира прогнозите на ЕХФ, екипата која непосредно пред големата завршница во Лигата на шампионите беше шокирана од сознанието за големата финансиска криза во клубот, најде сили и покажа карактер што го поседуваат само најдобрите – Вардар стана европски шампион и повторно му приреди огромна радост на својот народ.

За разлика од вчера, денеска Вардар ја имаше контролата во текот на целиот натпревар. Веспрем денеска немаше шанса против македонскиот шампион.

Честитки за ракометарите, за стручниот штаб и за раководството на Вардар.

.

Резултати:

Меч за третото место:  Барселона – Киелце  40:35 (20:16)

Финале:  Вардар – Веспрем  27:24 (16:11)sport_award_2010_resize

Прочитано 498 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 3