Вардар пресилен за нашиот Металург 2

25.04.2016 20:09
GIL_4559_resize

Во финалето од четврт-финалната група во Купот на Македонија, Металург 2 е убедливо поразен од Вардар, со резултат 51:31 (26:18).

Секако, учесникот во четвртфиналето на Лигата на шампионите беше преголем залак за нашите млади ракометари, кои дополнително беа заморени од дури петте напревари одиграни во последните седум дена. Но, Металург 2 не му се предаде лесно дури и на силниот Вардар, а за тоа сведочат 31-те постигнати гола, толку Вардар не примал ниту во Лигата на шампионите.

Всушност, се до 40. минута губевме со само шест гола разлика, 30:24, а потоа дојде заморот и падот на концентрацијата, што резултираше со висок пораз.

Вардар – Металург 2 51-31 (26-18)

Вардар: Милиќ, Ангелов, Стоилов 7, Брумен 7, Тоскиќ 1, Манасков 6, Карачиќ 5, Душебаев 4, Абутовиќ, Лазаров 1, Циндриќ 1, Дибиров 3, Горбок 2, Шишкарев 8, Марсениќ 6

Металург 2: Петкоски, Блажевски, Доневски 1, Петрески 2, Шулевски, Грозданвски 2, Бошковски 6, Димитриоски 11, Стојменов 1, Шилегов 1, Лембанов, Смилевски, Митревски 1, Беќаровски 2, Гошевски 1, Лазарески 3.

Прочитано 634 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 5 =