Топ Вести

Вардар убедлив против Металург

05.05.2018 06:18
DAR_7327_resize

Во рамките на петтото плејоф-коло, во СЦ “Јане Сандански“ се одигра средбата меѓу Вардар и Металург. Иако фаворитската улога на европскиот шампион беше надвор од секое сомнение, сепак, Металург доживеа неочекувано висок пораз, највисок во историјата на меѓусебните соочувања. Загубивме со разлика од цели 19 гола, во натпревар во кој малку нешта функционираа во нашиот тим – голманите фатија премалку топки, одбраната пропушти рекорден број на голови, а нападот постигна рекордно мал број на погодоци.

Многу кратко овој натпревар имаше рамноправен тек, некаде до резултат 5:4 во полза на Вардар, кој потоа направи серија од цели 6:0 и ја навести катастрофата на Металург. Вардар многу лесно доаѓаше до позиција за постигнување на голови, додека нашиот напад буквално се мачеше за секој свој гол. Ваквата игра резултираше со вардарова предност од девет гола, по првите 30 минути од средбата, 18:9.

Ништо не се измени ниту во второто полувреме, кое Вардар го доби со 19:9.

Иако шампионската титула на Вардар беше извесна и пред почетокот на плејоф-фазата, по вчерашната средба таа е и скоро официјална.

.

Вардар – Металург   37:18 (18:9)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.    Гледачи: 1000.

Вардар: Штербик, Ѓорѓески, Стоилов 3, Недановски, Поповски, Кристопанс 3, Македа 4, Карачиќ 1, Абутовиќ, Канељас 6, Циндриќ 1, Чупиќ 6, Дибиров 4, Шишкарев 5, Марсениќ 4.   Седмерци: 4/5.  Исклучувања:  4 мин.

Металург: Томовски, Даниловски, Маџовски , Јагањац 4, Димитриоски 1, Токиќ 3, Серафимов 3, Кузмановски 2, Илиќ, Велковски 2, Пешевски 2, Палевски, Гуглета, Матијашиќ, Лазаревски, Арсеновски 1.   Седмерци: 1/1.  Исклучувања: 4 мин.

Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 190 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 1 =