ВАСКО ШЕВАЉЕВИЌ: ЌЕ ПРОБАМЕ, ЌЕ ДАДЕМЕ СЀ ОД СЕБЕ, ПА НЕКА БИДЕ КАКО ЌЕ БИДЕ…

21.03.2013 16:59
40

Што знаете за македонскиот ракометен шампион Металург?

 – Ги следам европските настапи на Металург, а се сеќавам и на неговите добри игри во текот на минатата сезона во Лигата на шампионите. Знам дека се работи за добро организиран клуб, со голем углед не само во Македонија. А на Балканот сите знаат за вашите дерби-средби со екипата на Вардар ПРО. Немав можност да гледам, но би сакал.

 Кој играч на Металург претставува најголема опасност за вас?

– Металург е силен колектив, спој на добри играчи на сите позиции. Што се однесува на нападот, би ги издвоил Мојсовски и Ракчевиќ. Одлично се познаваат, бидејќи долги години играат заедно. Секако, тука се и Миркуловски и Вугринец, кои се одлични ракометари, за што не треба да се трошат зборови. Предводени сте од проверен специјалист, а успехот на вашата игра се базира на одбраната и на Станиќ, како главен адут.

Каква е атмосферата во вашата екипа по поразот од Металург?

– Атмосферата во нашата екипа е коректна. Со пласманот во оваа фаза на Лигата на шампионите ние ја остваривме нашата цел. Затоа, апсолутно немаме што да загубиме. Во Минск одигравме еден од своите најслаби натпревари од почетокот на натпреварувањето во Лигата на шампионите и се надеваме на многу подобра игра во Скопје.

По поразот дома, како ги проценувате вашите шанси за пласман во наредната фаза?

– Шанса секогаш постои. Човечки е да се надеваме. Но факт е дека ќе мораме да одиграме двојно подобро и да бидеме доста подобар тим од Металург, за да возвратиме за поразот од три гола разлика. Свесни сме дека нема да биде лесно, но сигурно нема да се предадеме. Ќе дадеме сѐ од себе за да поминеме во следната фаза.

Салата „Борис Трајковски“ е распродадена. Дали е тешко да се игра пред 7.000 навивачи?

– Сигурно дека е тешко да се игра на гостински терен, пред 7.000 навивачи. Покрај факторот – гостински терен, треба да се бориме и со фактот дека Металург има резултатска, но и психолошка предност. Одигравме многу добри натпревари на гостински терен, против силни противници. Но ќе мораме уште подобро, ќе мораме да го одиграме најдобриот натпревар во оваа сезона за да поминеме понатаму. Ќе пробаме, ќе дадеме сѐ од себе, па нека биде како ќе биде…

 

Фотогалерија:

Прочитано 1.393 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 8 = 0