Топ Вести

ВЕСПРЕМ Е ГЛАВНИОТ КАНДИДАТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР ВО СЕХА-ЛИГАТА

20.02.2015 18:54
pres-seha-mihajlo-agron-624x415

za tekst

Вчера во Загреб е одржана седница на УО на СЕХА-лигата на која, меѓу другото, се разгледуваа и кандидатите за организација на завршниот турнир. Од поднесените четири кандидатури, на Веспрем, на Вардар, на Војводина и на градот Пореч, решено е предност да и се даде на кандидатурата на Веспрем. Тоа е одлука на УО, но и барање на спонзорот, што е мотивирано со желбата завршните турнири секогаш да се организираат на друго место. Претходните завршни турнири беа организирани во Загреб, во Скопје и во Нови Сад. Сепак, пред да се потпише договорот, Веспрем ќе мора да ја мине инспекцијата на СЕХА-лигата, во однос на сместувачките капацитети, салата и организацијата. На чело на комисијата што ќе ја изврши инспекцијата назначен е Синиша Остојиќ, директорот на СЕХА-лигата.

Новост е што оваа година, наместо четири, на завршниот турнир ќе се пробијат дури шест првопласирани екипи, со што ќе се зголеми интересот за настанот, но и конкуренцијата. Првите две екипи од регуларниот дел од сезоната директно се пласираат во полуфиналето, а за другите две места ќе разигруваат екипите од 3 до 6 место, по формат 3-6 и 4-5.

На седницата беше разговарано и за можноста лигата да се прошири со нови екипи, бидејќи интерес покажаа Висла Плоск, Бешикташ, Киелце и Цеље. Во моментот, само Македонија и Хрватска имаат право на по две екипи во лигата, а обврзувачко е и учеството на екипата на Брест Мешков. Затоа, дополнително ќе се разгледаат пријавите на новите кандидати за учество во лигата. Засега се опстојува на лига со 10 екипи, но конечните решенија ќе бидат донесени за време на одржувањето на завршниот турнир, на крајот од следниот месец.

На состанокот беше искажано незадоволство од квалитетот на работата на службените лица, па во иднина ќе се бара нивна поголема ангажираност при извршувањето на задачите, со оглед на тоа што СЕХА-лигата е високопрофесионална организација.

Прочитано 392 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 4 =