(Видео) Александар Шпенде е најдобриот лев бек на СЕХА-лигата во месец декември

02.01.2019 01:15
GIL_4846_resize_resize

По завршувањето на декемвриските натпревари, маркетинг тимот на СЕХА-лигата го објави идеалниот тим на СЕХА-лигата во кој најде место и за нашиот Александар Шпенде, кој е прогласен за најдобар лев бек на лигата за месец декември.

Шпенде одигра шест средби во СЕХА-лигата и постигна 35 гола. Во декември тој настапи на четири средби и постигна 22 гола, шест против Вардар, четири против Мешков Брест, три против Нексе и дури девет против Извиѓач. На таа средба тој од седмерец го постигна победничкиот гол, по истек на регуларното време.

.

Идеален тим за декември:

Лево крило   Милош Грозданиќ
Војводина
Лев бек Александар Шпенде
Металург
Среден бек Томи Возаб
Нексе
Десен бек Шиме Ивиж
Мешков Брест
Десно крило Дарко Ѓукиќ
Мешков Брест
Пикер Леон Шушња
ППД Загреб
Голман Игор Чуприна
Татран Прешов
Тренер Роберто Парондо
Вардар
Прочитано 94 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 8 =