( Видео) Анте Токиќ во идеалниот тим на СЕХА-лигата за месец октомври

27.10.2018 10:34
MJI_2665_resize_resize

Иако има само 25 години, Анте Токиќ е најстариот ракометар на Металург. Избран е во идеалниот тим на СЕХА-лигата за месец октомври, како најдобро десно крило. Токиќ веќе има 30 погодоци во досегашниот тек на лигата, а 15 од нив ги постигна во тековниот месец. Беше стрелец на дури 9 гола на натпреварот против Татран Прешов, во кој Металург ја извојува својата прва сезонска победа. По заминувањето на Халил Јагањац, Токиќ моментално е нашиот најдобар стрелец во ова регионално натпреварување.

.

Идеален тим на октомври:

Лево крило   Милош Грозданиќ Војводина
Лев бек Стеван Сретеновиќ Железничар Ниш
Среден бек Јануш Лапајне Татран Прешов
Десен бек Бруно Буторац Татран Прешов
Десно крило Анте Токиќ Металург
Пикер Марин Шипиќ Нексе
Голман Урх Кастелиќ ППД Загреб
Тренер Лино Червар ППД Загреб

.

Прочитано 58 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 12