(Видео) Биди дел од тимот – ракометната Академија Металург врши упис на нови членови

08.10.2018 17:36
_123456

Најстарата ракометна академија во Македонија, Академијата Металург, продолжува со уписите во своите школи во Скопје и низ Македонија.

Академијата, која е најголемиот расадник на таленти и низ која минаа најголемиот дел од сегашните членови на пионерската, кадетската, младинската, па и на сениорската репрезентации на Македонија, ги отвара своите врати за новите вљубеници во ракометната игра.

Во своите 21 школа, Академијата Металург ракометно воспитува повеќе од 1500 млади ракометари и ракометарки.

Ви го презентираме списокот со нашите школи во Скопје и низ Македонија, за да ја одберете за вас најблиската локација. Стиснете на школата што ве интересира и ќе ги добиете сите информации во врска со нејзе.

.

Школи во Скопје:

01.Ракометна школа ООУ “Братство“, населба Тафталиџе

02.Ракометна школа ООУ “Кирил Пејчиновиќ“, населба Кисела Вода

03.Ракометна школа ООУ “Кузман Јосифовски – Питу“, населба Кисела Вода

04.Ракометна школа ООУ “Димитар Беровски“, населба Ѓорче Петров

05.Ракометна школа ООУ “Ѓорѓија Пулевски“, населба Аеродром

06.Ракометна школа ООУ “Љубен Лапе“, населба Аеродром

07.Ракометна школа ООУ “Стив Наумов“, населба Автокоманда

08.Ракометна школа ООУ “Крум Тошев“, населба Трубарево

09.Ракометна школа ООУ “Крсте Мисирков“, населба Ченто

10.Ракометна школа ООУ “П.П.Његош“, населба Колонија Идризово

11.Ракометна школа ООУ “Ристо Крле“, населба Кадино

.

Школи низ Македонија:

01.Ракометна школа “РК Торо Спорт“ Виница

02.Ракометна школа “РК Младинец 2015“ Кочани

03.Ракометна школа “РК Сани 14“ Охрид

04.Ракометна школа “Весна акумулатори“ Пробиштип

05.Ракометна школа “РК Крива Паланка“ Крива Паланка

06.Ракометна школа “Дедо Иљо Малешевски“ Берово

07.Ракометна школа “РК Макалоски“ Прилеп

08.Ракометна школа “Астра Спорт“ Македонска Каменица

09.Ракометна школа “Тиквеш Јуниори 2012“ Кавадарци

10.Ракометна школа “Хандбал Старс“ Кичево

Прочитано 537 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 10