ВИДЕО: ЧЕРВАР – ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ МОРА ДА СЕ ИГРА ДОБРО ПРОТИВ СЕКОГО

02.12.2013 03:24

rk-metlurg-logo_final_resize

Изјавите на учесниците на прес-конференцијата по натпреварот Металург – Вакер Тун:

Лино Червар: “Честитки за гостите за освоениот бод, ние загубивме еден поен, но на крајот и тој може да биде многу важен. Добро го отворивме натпреварот, но како противникот ја намалуваше разликата, кај нас евидентен беше падот на концентрацијата, нивните долги напади не извадија од ритам. Крајниот резултат не е поволен за нас, ние бевме фаворити, а гостите се бореа и на крајот можеа и да победат и ние да ги изгубиме двата бода. Тоа е животно школо, мораме да извлечеме поуки. Но, сепак и овој бод може на крајот да биде многу значаен за нас”, изјави Червар.

Гоце Георгиевски: “Ракометарите на Вакер Тун повеќе се бореа од нас. Помисливме дека победата ќе дојде сама по себе. Не ни останува ништо друго освен паузата добро да се искористи за подготовка за следните настапи и во последните три меча да се обидеме да освоиме уште некој бод за да обезбедиме што е можно подобар пласман во групата пред стартот на елиминациската фаза од Лигата на шампионите”

Мартин Рубин: “Не сум целосно задоволен поради тоа што на крајот изгубивме бод, но од друга страна морам да бидам среќен што го освоивме првиот бод во ЛШ. Ни падна концентрацијата на крајот. Во првите десет минути имавме страв и респект за противникот, но голманот Винклер со одбранетите седмерци ни ја врати самодовербата. Одигравме одлично во целина. На Металург му посакувам да стигне до фајналфор”.

Марк Винклер: “Малку сум разочаран што не ги освоивме двата бода, но во ваква прекрасна атмосфера да се освои бод е голема работа. Првпат во Европа играв пред ваква публика. Никогаш претходно немав одбрането шест пенали на еден меч”.

Прочитано 686 пати

(2) Коментари

  1. Konecno razbrav sto rekoa gostite od Svajcarija.preveduvacot ne znam od kaj go najdovte.ne znaese da preveduva,a ne go poznava ni makedonskiot jazik.Sramota

  2. CERVAR OD SEGA NA TRENING ,SITE RAKOMETARI DA VEZBAAT IZVEDUVANJE NA SEDMERCI.OVA NE E SLUCAJNO.NA POSLEDNITE TRI NATPREVARI SE SLUCUVA ISTOTO. SITE RAKOMETARI DA TRENIRAAT SEDMERCI PO POLA SAAT NAJMALKU.AKO NE JAS KE DOJDAM I KE SUTIRAM PENALI..SHAMPIONI SME I POZDRAV

Напишете коментар


5 + = 9