(Видео) Диего Симоне МВП на завршниот турнир во Келн

27.05.2018 22:06
DeOP3j4X0AAcXdy

“Ракометниот Меси“, како што го нарече ЕХФ Диего Симоне, избран е за МВП на завршниот турнир во Келн, титула која минатата сезона му ја доделија на Лука Циндриќ од Вардар.

Аргентинскиот плејмекер во редовите на Монпелје е еден од најзаслужните за неверојатниот успех на неговата екипа. И поради неговите 7 гола постигнати на двете средби, но најмногу поради совршената организација на нападот на Монпелје, големата прегледност и луцидните додавања. Против Вардар го постигна победничкиот гол, а денеска, против Нант, беше нерешлива задача за противникот.

.

33745335_10155972128573876_2842417946427392000_n_resize

Прочитано 67 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 5