(Видео) Халил Јагањац е прогласен за најдобар играч на 4. коло на Лигата на шампионите

10.10.2018 17:05
AND_0885_resize

Ракометарот на Металург Халил Јагањац е прогласен за најдобар ракометар на четвртото коло на Лигата на шампионите. Металург ја загуби средбата со Силкеборг, но играта на Јагањац и неговите десет постигнати голови беа доволна причина тој најпрво да се најде во идеалниот тим на колото, а потоа да добие и најмногу гласови во изборот на официјалната страница на ЕХФ.

Јагањац, со 25 постигнати голови, моментално е шести стрелец во Лигата на шампионите и од врвот го делат само четири гола.

.

Прочитано 110 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 11